Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Вмровската фотелја во Штип ја меркаат 17 кандидати

За општински лидер претендираат професори, директори, лекари, долгогодишни активисти

Иван Бојаџиски


ШТИП - Голем метеж во Штип пред изборите за нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Дури седумнаесет лица се јавија на огласот за прв партиски челник. Толку голем интерес кај вмровското членство за атрактивната функција досега не се памети. Ова значи дека по период од 5,5 години, од ова место ќе се збогува Зоран Алексов, актуелниот штипски градоначалник. Во Штип се говори дека изборот на нов претседател ќе покажел и која од трите вмровски групации во градот имала најмногу углед меѓу членството. Но, Зоран Алесков тврди дека немало такви поделби во општинското партиско ткиво.

„Поединствени сме од кога било и со најбројно членство во историјата на партијата во нашата општина. Нема никакви групи. Има само различни дебати околу потенцијалите и можностите на новата личност што треба да ја води општинската организација во наредните четири години, нешто што е својствено на партии со демократска ориентација. Ние само знаеме дека постапката ќе се води на начин што и во наредните четири години обезбедува Штип да има силна личност што ќе работи на натамошно зајакнување на капацитетите на Општинската организација“, изјави Алексов.

Меѓу кандидатите за иден општински лидер имало и професори на некои од факултетите при Универзитет „Гоце Делчев“, директори и вработени во јавни претпријатија, лекари, застапници на задгранични комитети на партијата, но и долгогодишни активисти, познати вмровци со понизок степен на образование. Владејачката партија го смета Штип за свое ново упориште и, според Алексов, со сета сериозност му приоѓа на ова кадровско прашање. „Прво ќе се направи примарна селекција, со тоа што ќе бидат интервјуирани сите кандидати. Селекцијата ќе ја прави ад-хок формирана комисија од највисокиот орган на партијата. Личностите што ќе се издвојат со своите капацитети и за кои ќе се процени дека можат да одговорат на барањата, ќе одат на финален разговор кај највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Конечниот избор ќе го направи Централниот комитет“, објаснува Алексов, кој на првата позиција во Штип е од 2005 година. Иако мандатот му заврши лани во август, тој доби дополнителен мандат од шест месеци, односно до новиот избор.

Во Штип имаше мислења дека не е добро што Алексов е истовремено градоначалник и партиски претседател и дека постојано ќе му се импутира дека е општински челник само на определен број граѓани.

„Точно е тоа дека двете функции м�� претставуваат голем товар, но ценам дека имав капацитет да ги вршам квалитетно. Кога ми беше доверена претседателската функција во ОК, ВМРО-ДПМНЕ во Штип имаше само 1.100 регистрирани члена, а сега 6.300. Во сите овие години нашата партиска организација беше оценувана за една од трите најдобри во државава. Овие факти беа пресудни за продолжување на мојот мандат. Сепак, добро е тоа што ќе избереме нов претседател од кого очекуваме да донесе нова енергија во општинската организација“, истакна Алексов.


#
Статијата е прочитана 1166 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонија
Љубе Бошкоски го тужи Мане Јаковлески за клевета
Вардар се излеа кај Раотинце
Државата бара закупци за плажи во Струга и во Дојран
Груевски вети економска зона во Тетово