Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Државата бара закупци за плажи во Струга и во Дојран

Државата бара закупци за 30 плажи во Дојран и во Струга. Објавата на Министерството за транспорт и врски е распишана вчера, а станува збор за краткотраен закуп на 18 плажи на Дојранското Езеро и на 12 на Охридското Езеро во Општина Струга. Почетната цена по квадратен метар во Дојран е еден денар, а за плажите во Струга 55 денари, пресметани како годишна закупнина.

„Активностите се во насока на уредување на плажите на Охридското Езеро во Струга и Дојранското Езеро, согласно со современите туристички стандарди за да може на почетокот на летната сезона да бидат подготвени сите предуслови за пречек на туристите“, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Рокот за доставување на пријавите за учество на јавните наддавање трае до 3 мај, а наддавањата ќе се одржат на 19 и на 20 мај во Министерството за транспорт. За користење на плажата закупецот е должен да овозможи слободен влез за посетителите, т.е да не се наплаќа надоместок за плажата, пред почнување на дејноста да набави фискална каса, да достави доказ за лица во работен однос и соодветни дозволи. Меѓу другото, има обврска постојната и планираната песочна површина да ја уреди во градежна рамка, да ја изнивелира и да ја попесочи со автохтон песок, а зеленилото да го зачува и да го уреди. 

Сервисниот пункт на закупецот треба да содржи минимум два туша и санитарни јазли, соблекувални, остава за чадори, лежалки и други реквизити. Задолжително е закупецот да обезбеди служба за спасување, да постави информативни паноа, безжичен Интернет и други погодности за забавен престој“, се вели во соопштението. (МИА)


#
Статијата е прочитана 601 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 17.04.2010 00:18:43
"За користење на плажата закупецот е должен да овозможи слободен влез за посетителите, т.е да не се наплаќа надоместок за плажата, пред почнување на дејноста да набави фискална каса, да достави доказ за лица во работен однос и соодветни дозволи. Меѓу другото, има обврска постојната и планираната песочна површина да ја уреди во градежна рамка, да ја изнивелира и да ја попесочи со автохтон песок, а зеленилото да го зачува и да го уреди.Сервисниот пункт на закупецот треба да содржи минимум два туша и санитарни јазли, соблекувални, остава за чадори, лежалки и други реквизити. Задолжително е закупецот да обезбеди служба за спасување, да постави информативни паноа, безжичен Интернет и други погодности за забавен престој“, се вели во соопштението" I uste fali da im platat po edna dnevnica na turistite koj ke ja posetat plazata. Zatoa(pogotovo vo Dojran) nema nikoj da se javi, i se ke ostane pusto.
Од: кирил
Датум: 17.04.2010 00:51:02
е кој ке кункорира јас незнам да пушти слободен влез од сто ке опстане топе купувац од не цивилизираниот македонски народ сто ке среди се и на крајот каро на баро смеа
Од: трајко
Датум: 17.04.2010 07:18:20
Да ви биде јасно на сите дека во Струга покрај плажи се издаваат и предели потполно обраснати цо трска и немаа никаква врска со плажа.Постојано читаме дека трската помага во уништувањето на фосфатите од езерската вода а истата постојано се уништува.На кого ќе му служат местата кои отсега ќе се претвараат во плажи ,кога Струга има плажи на потегот од женска плажа до евро хотел во должина од 3 километри.Ало Министерство за заштита на животната средина каде сте.Дали сте од овде.Видете што има пред ресторан Аквариус и пред ресторан Конак.Ако има плажа уредете ја ако нема, заштитете ја и онаа малку трска што остана во езерото.Договорете се со Миле Јанакиески и укажете му ги проблемите од вашиот делокруг.
Од: ex vmrovec.
Датум: 17.04.2010 09:31:04
Dobro be luge,koj ke go izdrzi ovoj kriterium,95% od lugeto se na rabot na egzistencija a vie barate vlakno vo jajce.Pa ovie sto mozat toa da go obezbedat sigurno nema da se zamarat so tie gluposti,bidejki istite pari ke g i vlozat vo po profitabilen biznis.Veruvajte to go nema nikade vo evropa.Gruevski im ja odra kozata na narodot.Sledejki ja situacijata vo mk.nikogas poveke nema da glasam za V:M:R:O: a bev eden od retkite vmrovci vo krvta,a imam donirano i mnogu pari vo partijata..............Mnogumina go znaat toa.......ve molam da go objavite ovoj komentr.....Pozdrav
Од: MKD100
Датум: 17.04.2010 22:29:06
Ne se sekirajte, garant eden ke gi zeme site plazi vo Struga i posle toj ke gi izdava....a za tusevite i wc-to...abe ajde....vo cela Struga nema javno wc, ta ke imalo na plazite...i topla voda da ne ke ima po tusevite???

Најди! во Утрински
Македонија
Вмровската фотелја во Штип ја меркаат 17 кандидати
Љубе Бошкоски го тужи Мане Јаковлески за клевета
Вардар се излеа кај Раотинце
Груевски вети економска зона во Тетово