Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

Aпелација му ја потврди казната на Вранишковски

Oдбраната најавува дека ќе бара вонредно преиспитување на пресудата

Гордана Дувњак

Две и пол години затворска казна за ексвладиката Јован Вранишковски и да и' ги врати злоупотребените црковни пари со камата на МПЦ. Вака пресече скопскиот Апелационен суд, кој ја потврди првостепената пресуда на велешкиот основен суд.

Пресудата е донесена на 13 јули, а завчера е експедирана до велешкиот суд. Одлуката на второстепениот суд, кој ја одби жалбата на Вранишковски, вчера се' уште не беше стасана во велешкиот суд. Неа ја немаше примено ни бранителот на Вранишковски, битолскиот адвокат Васко Георгиевски, кој не знае каде се наоѓа неговиот клиент со кого се сретнал пред неколку дена. Но, затоа, пак, на веб-страница на ПОА беше објавено дека Јован Вранишковски не е во земјава.

„Архиепископот Јован е на патување надвор од Македонија, каде што ја прими веста за потврдата на затворската казна од страна на Апелациониот суд и со Божја помош има намера да го носи и овој крст, ако е тоа неопходно за единството на Црквата, стои во соопштението. Земја што нема слобода на вероисповед не може да има ниту слободно и независно судство констатираат од ПОА и обвинуваат дека нивниот предводник бил гонет од политички, а не од кривични причини. За нив била очекувана ваквата одлука на Апелација.

„По двете ослободителни пресуди за истото дело, во процес што трае полни седум години, архиепископот Јован е осуден на затворска казна од две години и шест месеци за кривично дело затајување и да и' врати на расколничката МПЦ сума од двесте и четириесет илјади евра. Констатациите што редовно ги искажуваат претставниците на САД и на ЕУ во врска со исполитизираното и подмитливо судство во Р. Македонија во голема мера се основани врз односот што власта и судството го имаат кон членовите на Охридската архиепископија, а особено кон нејзиниот архиепископ, стои во соопштението.

Со изјаснувањето на Апелациониот суд, пресудата на Вранишковски станува правосилна. Извршна, пак, ќе стане во оној момент кога ќе истече законскиот рок од 8 дена, предвиден за евентуално одложување. Одбраната на Вранишковски, иако се' уште не ја добила одлуката, уште сега најавува дека ќе се жали пред Врховниот суд и ќе побара вонредно преиспитување на пресудата.

Македонските судови бараат од Вранишковски да се раздолжи и кон МПЦ и да врати 14.804.211 денари со пресметана камата од 23 февруари 2002 година. За добивање на разликата, пак, до 20.083.620,89 денари, колку што бара МПЦ, судот упатува на граѓанска парница. Од Вранишковски се бара да упати и 111.892 денари на сметка на подрачната единица на Фондот на ПИОМ во Велес.

Бранителот на Вранишковски вчера ја оквалификува одлуката на скопска Апелација како „апсолутно неприфатлива и незаконска“.

„Мојот клиент е невин и нема злоупотребено ниту денар. Згора на тоа, сметам дека судот е ненадлежен да одлучува за овој спор, бидејќи тоа е работа на црковниот суд. Наводните злоупотреби што му се ставаат на товар на Вранишковски, тој ги направил како свештено лице, а не црковно “, вели адвокатот Георгиев, напоменувајќи дека кога ќе ја добие пресудата, ќе ги употреби сите вонредни правни средства што му стојат на располагање.

Демократската партија на Србите во Македонија вчера со жалење констатираше дека судската развска се случува само десетина дена пред официјалното одбележување на 2 Август - Илинден, Денот на македонската државност кој и оваа, како и минатата година, требаше да се одбележи во манастирот „Св.Прохор Пчињски“. Дали е случајно тоа што сите спорни пресуди од ваков карактер доаѓаат пред вака значајни датуми? Што е вистинскиот мотив на ваквите сценарија? Дали некој сериозно е заинтересиран за влошување на севкупните односи со Србија, нека процени македонската јавност, прашуваат од ДПС.


#
Статијата е прочитана 592 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 21.07.2010 00:16:35
na golemite patrioti od vmro vistinski makedonski patriot im e ali ahmeti. ete im go neka si go zemat, a jovan sto e crkovniot cento i sto se bori za priznata makedonska crkva go raspnuvaat, posto im trebaat maskoti ko stefan & co. komunistickata matrica vo makedonija e vo procut. makedonci mislete so svoja glava, a pred gospoda odgovor ce davame site, pa i gruevski i negovite naslednici.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 21.07.2010 04:21:48
Znaeme site deka SPC, GPC... sakaat da ja zakopat MPC zasekogas. Sto e togas problemot koga MPC saka Juda od svoite redovi, koj vrsel finansiski malverzacii da odgovara na sud? Jovan pusti "strojnici" ovde vo Avstralija da bide Vladika i... ostana so prst vo usta. Zalosno e sto Timotej e vo sojuz so nego, kako i raspopi i privatno crkveni kompaniski "lideri" od tipot na Altin, koj ostavi imperija od 96 kuci, 12 biznisi, Manastir ( Kliment Ohridski - Kinglake) prepisan na cerka mu... DOSTA BESE.
Од: Stojko
Датум: 21.07.2010 08:46:16
Od kade MPC znae kolku e "pronevereno" koga ne vodi asalni knigis? Duri i da imalo pronevera, tie pari se nesporedlivi so onie vo aferata Izgrev!
Од: intelekt
Датум: 21.07.2010 10:26:42
"nesfatliva i nezakonska"?!!!strasno!covekov e roden kradec a izigruva "spasitel"!!!zamislete,eden vakov covek da vi govori za iskrenost,bozja ljubov,bolka,ljubov..a laze,krade i vrsi nemir i raskol!!zatvor i toa dozivoten!!!!
Од: Интелект
Датум: 21.07.2010 14:46:40
Циркус од судство и држава.Јован е кредец,колку што Душко Илиевски е дилер на дрога! “Интелект“,каде ти е интелелигенцијата?

Најди! во Утрински
Политика
Охридските бродови закотвени цело лето?
Дали ќе се стигне во пет минути до 12 во Брисел
Зголемени затворски казни за грабежот на Прокредит
Болниците ќе ги реновираат фирми блиски до власта?
Оставка на Комисијата за странство
Граѓански антипротест за Илиевски