Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Културното наследство не вреди без луѓе

На Министерската конференција вчера беа се усвоени два документа на Советот на Европа: „Скопје агенда“ и конвенцијата ФАРО

Катерина Богоева

Во рамките на македонското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа, вчера во републичкото Собрание беше отворена конференција на министрите на култура на земјите-членки, под наслов „Општествена вредност на културното наследство во Европа“, како придонес кон актуелните тенденции за засилување на интегрирањето на наслеството во останатите сфери во општеството. Најавеното присуство на 48 делегати од 23 земји, меѓу кои и експерти за заштита, и усвојувањето на двата значајни документа: „Агенда Скопје“ и Рамковната конвенција за општествена вредност на културното наследство во Европа - ФАРО на Советот на Европа, ја вбројува Македонија и на овој начин меѓу земјите што ги следат современите тенденции во третманот на културното наследство и на него гледаат како на сериозен фактор за развој.

Преку „Агенда Скопје“, почнувајќи од идната година, Македонија во следните три години ќе врши мониторинг и евалуација на проектите на Советот на Европа што се реализираат во регионот на Југоисточна Европа. Со потпишување, пак, на конвенцијата ФАРО, која предвидува интегрир��н пристап во заштитата на културното наследство, документот ќе стапи во сила. „Човечкиот капитал и луѓето се во центарот на нашето внимание“, потенцираше вчера, Роберт Палмер, директор за култура и за културно и природно наследство во Советот на Европа, укажувајќи на историските процеси што довеле до тоа, општествената вредност на културното наследство, денеска да се разгледува регионално, надвор од националните граници во контекст на почитувањето на човековите права.

Конференцијата ја отвори министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, а свои обраќања, со потенцирање на потребата од развивање на интегриран пристап во заштитата на културното наследство, имаа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, генералниот директор за образование, култура и наследство и млади и спорт на Советот на Европа, Габриела Батаини Драгони, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.

Денеска, на последен ден од нејзиното одржување, во хотелот „Холидеј ин“, ќе биде промовиран Советот на министри за култура на Црноморскиот регион и Јужен Кавказ, а Советот на министри за култура на Југоисточна Европа ќе одржи состаноци посветени на механизмите за регионална соработка.


#
Статијата е прочитана 480 пати.

Испрати коментар

Од: intelekt
Датум: 25.09.2010 12:47:22
a sto bara doticniot minister za sumarstvo ljupco dimovski?!!!definitvno,beti gi smesala loncinjata!!!auuu,kogo pokanila zenava!izbor na godintata!

Најди! во Утрински
Култура
Омар Соса ќе го отвори Џез-фестивалот
МОТ завршува со „Љубов моја“ на Словенско гледалишче
Елегантен, мистичен и рафиниран роман
Промоција на првата збирка раскази од Марта Маркоска
Избрани проектите за „Сценаристичко катче“ на „Браќа Манаки“



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing