Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Промоција на првата збирка раскази од Марта Маркоска

Во кафе-книжарницата „Магор“, утре (сабота), со почетокот во 20 часот, издавачката куќа „Темплум“ ќе ја промовира првата збирка раскази на Марта Маркоска „Вител во Витлеем“. Книгата ќе ја претстават Александар Прокопиев, Владимир Мартиновски, Драгана Евтимова и Владимир Јанковски.

Според Александар Прокопиев, во расказите на Маркоска се среќаваме со „опуштена и духовита проза“. Таа е авторка „која во својата обилна наративна игривост се открива како раскажувач што умее да го поттикне, да го фати за опаш, да го насмее, и тоа повторно и повторно, читателот“. А сето тоа го прави со „иронична свесност за блесавата несовршеност на светот (и на самиот себеси), а едновремено, се движи низ тој свет низ климаксот на мигот. Нормално, со насмевка!“

Другиот рецензент на книгата Владимир Мартиновски смета дека „и покрај навидум формалната поделба на ’сериозни’ и ’несериозни’ раскази, читајќи ја Вител од Витлеем никогаш не сме наполно сигурни на кој терен сме.“

Марта Маркоска е родена во 1981 година, во Скопје. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност, на Филолошкиот факултет во Скопје, а во моментов е магистрант на Интердисциплинарните културолошки студии, на Институтот за македонска литература. Нејзината прва книга е збирката песни со наслов „Сите притоки се слеваат во моето корито“, а објавувала текстови на електронскиот конкурс за литература, Електролит, во списанијата „Маргина“ и „Книжевно житие“, како и во збирките текстови „Елитна и масовна култура“ и „Вкалапувања“. Нејзини раскази се објавувани и во збирката Зборник на поезија и кратка проза на младите од просторите на поранешна Југославија, пишувала рецензии за филмови и текстови од областа на културата на неколку интернет портали и музички илустрирала неколку документарни филмови, а е автор и на два мултумедијални перформанси. Активно е посветена на музиката, како перкусионист/ лидер во музичкиот состав „Josephine‘s suspenders“. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 431 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Културното наследство не вреди без луѓе
Омар Соса ќе го отвори Џез-фестивалот
МОТ завршува со „Љубов моја“ на Словенско гледалишче
Елегантен, мистичен и рафиниран роман
Избрани проектите за „Сценаристичко катче“ на „Браќа Манаки“






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe