Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

МОТ завршува со „Љубов моја“ на Словенско гледалишче

Денеска на МОТ е денот кој е посветен на самиот фестивал, на неговиот 35-годишен јубилеј , на сето она што тој значеше, но и на луѓето кои на различен начин беа дел од него. Во 20 часот вечерва е закажано генералното собрание на МОТ, кое ќе се одржи во новиот клуб на МКЦ.

На програмата денеска повторно е „Один“ театарот од Данска и Еуџенио Барба со претставата „Мало малечко“. Оваа претстава беше закажана за 22,30 часот во МОБ, но ќе се одржи во МКЦ. „Мало малечко“ е една интересна и необична интерактивна претстава, која вели дека темните сили не' водат, не' заслепуваат и не' просветлуваат. Во сабота на полноќ во клубот на МКЦ е и македонскиот независен проект на Софија Ристевска „Лили“, посветен на секоја жена и на сето она непознато и сексуално што таа го носи во себе. „Лили„ е работена по делото „Кралот на Хавана“ на кубанскиот крал на „валканиот реализам“ на Педро Хуан Гутиерез и по текстот кој низ работилници го подготвила театарската екипа.

Во недела во 12 часот ќе може да се проследи презентацијата и промоцијата на монографијата на Словенско младинско гледалишче, на кое годинава МОТ му доделува „Златна плакета“ за соработка и за неговиот придонес во развојот на овој фестивал. Овој театар гостува со две претстави, кои ќе се одржат на самото затворање на МОТ во недела од 20 и од 22,30 часот, и тоа: „Проклет да е предавникот на својата земја“ во режија на Оливер Фрљиќ од Хрватска и „Љубов моја“ на Пазолини во режија на Иван Петернељ. Последниот ден од 18 часот скопската публика ќе може да ја види и претставата на Народниот театар од Битола, „Калеш Анѓа, дефинитивно“ на Катерина Момева, а во режија на Драгана Милошевска - Попова. „Преку процесот на уривање на еден мит, сакаме да кажеме дека живееме во време кога секој мит се доведува во прашање“, се вели во каталогот за претставата, во која играат: Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Соња Михајлова, Петар Горко, Огнен Дранговски и други. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 461 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Културното наследство не вреди без луѓе
Омар Соса ќе го отвори Џез-фестивалот
Елегантен, мистичен и рафиниран роман
Промоција на првата збирка раскази од Марта Маркоска
Избрани проектите за „Сценаристичко катче“ на „Браќа Манаки“



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing