Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Руска и кинеска амбасада во касарната „Илинден“

Општина Бутел ги почна подготовките на својата територија да ги добие дипломатските претставништва на двете големи светски сили Русија и Кина.

Советниците вчера ја усвоија иницијативата за изработка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитетот на касарната „Илинден“, каде што би требало да се градат двата објекта. Станува збор за две парцели што ги дели Римскиот аквадукт.

Агенцијата за просторно планирање треба до 28 септември да го определи опфатот и границите со вкупната површина на земјиштето кое треба да влезе во ДУП, кој потоа, пак, треба да се усогласи и со ГУП, за чии измени и дополнувања е надлежен Градот.

Просторот на кој се наоѓаат магацините на поранешната касарна „Илинден“ е дефиниран со одлука на Владата за пренамена на касарните. Освен Општина Бутел, дел од опфатот на предвиденото земјиште за градба е територија на Општина Карпош.

Парчињата земја на Општина Бутел се протегаат лево од булеварот „Словенија“, односно кај задниот двор на касарната „Илинден“, кај стариот Качанички пат. Поточно, двете парцели се наоѓаат во делот на булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Словенија“, „Македонско-косовска бригада“ и фабриката „Типо“. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 1095 пати.

Испрати коментар

Од: kojco
Датум: 16.09.2009 09:59:38
Prv pat da cujam dobra i pametna vest od ovaa drzava,Rusija i Kina Napred
Од: mkd
Датум: 16.09.2009 11:11:47
Konecno solidno mesto za da se napravi diplomatski kvart a ne vaka po kuci vo sred malo kade se zivee. Vaka ke imaat i podobro obezbeduvanje i prostor

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Мирче Јовановски
Едиторијал
Нина Нинеска-Фиданоска
Мислења
Петар Арсовски
Мислења
Мимоза Ристова

Свет: фото сторија
Сиднеј прекриен со црвен прав
ЕЛЕМ ремонтира централи, езерото Матка се уништува