КЕЈТ МОС
Кокаинот услов за успешна кариера
Супермоделката Кејт Мос многу често го привлекуваше вниманието на јавноста со излетите поврзани со дрога и алкохол. Кулминацијата на таквите настани се случи во 2005 година, кога е фатена како шмрка кокаин. Оттогаш многумина и' прогнозираа крај на кариерата, но на изненадување на злите јазици, се случи спротивното. Кејт го доби и незаборавниот прекар Кокаин Кејт.
Според зборовите на нејзината агентка Сара Дукас, Кејт заработи милионски суми токму поради тој скандал. Во интервјуто за „Radio Four's Desert Island Discs“, Сара Дукас изјави дека Кејт по аферата успеала двојно да ја зголеми својата заработка - од два на четири милиони долари годишно.
Агентката, која беше покрај Кејт во текот на целата нејзина кариера, го забележала нејзиниот потенцијалот на еден аеродром кога имала само 14 години. „И негативната реклама е добра реклама. Најинтересно е што, всушност, кокаинот и' помогна во развивање на кариерата. Тогаш ми беше најважно да се уверам дека Кејт е добро, а потоа летнав до Америка за да ги уверувам нејзините најголеми клиенти да не и' ги откажуваат ангажманите“, изјави таа во интервју. |