Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

ТИНЕЈЏЕРИ

Доцна легнуваат, доцна стануваат

За разлика од другите старосни групи, тинеЈЏерите се биолошки програмирани

Американските експерти утврдија дека тинејџерите се биолошки програмирани да одат на спиење подоцна и да се будат се' подоцна за разлика од другите старосни групи, а поради училишните обврски спијат од 60 до 90 минути помалку од препорачаното.

Анкетата спроведена меѓу американските тинејџери покажува дека околу половина од нив немаат доволно сон во текот на учебната недела, затоа што во многу училишта наставата почнува многу рано, понекогаш во 7 часот наутро.

Една од причините за нарушување на сонот кај тинејџерите лежи во биологијата. Експертите велат дека тинејџерите се биолошки програмирани подоцна да си легнуваат и подоцна да стануваат.

Анкетираните ученици нагласуваат дека освен прераното почнување со наставата, треба да се додаде и воннаставната активност, како ш��о е спортот, што дополнително ги заморува, па утринското станување е вистинско измачување за нив.

Мајкл Бреус, клинички психолог чија специјалност е нарушувањето на сонот, вели дека не се работи за момчиња и девојчиња кои се мрзеливи, туку за деца чиј биолошки ритам не е урамнотежен. Тој вели дека на тинејџерите им се потребни осум-девет, па дури и девет-десет часа спиење.

Бреус истакна дека поспаните тинејџери можат да развијат еден облик на депресија, кој би можел негативно да влијае врз нивната општа здравствена состојба. Таа депресија не само што влијае врз нивната способност на наставата, туку и на спортскиот терен и на улица. Тој нагласува дека секој уморен возач е потенцијално опасен, а особено тинејџер кој нема доволно искуство зад воланот.

Психологот смета дека училишната настава би требало да почнува подоцна. Тој притоа упатува на истражувањата што покажале дека учениците во тој случај можат да ги подобрат своите резултати во училиштето. (МИА)


#
Статијата е прочитана 880 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Откриени истребувачите на пчели
Три години без Тоше
Нов сингл на „Некст тајм“
Со маркетинг за спречување самоубиства
Двемилионска тужба против „Епл“
Кокаинот услов за успешна кариера






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia