Превенција
Со маркетинг за спречување самоубиства
Тоа дека маркетингот може да направи чуда е идеологијата на 21 век. Сега амбициите на маркетингот почнаа да се насочуваат и во конкретно спасување животи. Барем во нашето северно соседство.
Ако некој се обиде да скокне од највисокиот белградски мост за да се убие, на површината на водата ќе здогледа оглас „Не сте сами“, заедно со телефонски број за помош.
Тоа е најновиот маркетиншки проект на српската Канцеларија за спречување самоубиства, а го реализирала компанијата „Мекен Ериксон“.
Во Србија, каде што годишно се самоубиваат околу 1.500 луѓе, од кои четириесетина скокаат токму од највисокиот белградски мост, ваквиот маркетинг, кој има цел да им помогне на несреќните, добро е таргетиран и одговорните се надеваат дека ќе биде успешен. |