Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Македонските ракометарки ги сложија коцките


Натпревар на кариерата за Драгица Кресоја, која постигна осум гола

Хрватска совладана со 31:29, па за вториот круг на ЕП вечерва ќе биде доволно и нерешено со Србија

Роберт Димитриевски

Најдобрите македонски ракометарки си ги наредија коцките за вториот круг, славејќи со 31:29 против „коцкестите“ од Хрватска во второто коло од групата Д на 8. Европско првенство што се одржува во Македонија од 2 до 14 декември. За пласман во новоформираната група од втората фаза ќе биде доволно и реми вечерва од 20,15 ч. против Србија, кое би значело крај на првенството за северниот сосед и продолжување на настапот на Македонија, Хрватска и Германија. Ако, пак, Хрватска ја победи сигурната Германија во денешниот прв меч од групата во Скопје, тогаш домаќинот на првенството не смее да загуби од Србија, бидејќи во тој случај за патникот во втората фаза би решавал меѓусебниот дуел. Пред расплетот во групата Германките водат со четири бода, Македонија и Хрватска имаат по два, а Србија е без бодови.

Избраничките на селекторот Владимир Глигоров на најубав начин и' се реваншираа на селекцијата од која загубија во сите пет контролни натпревари годинава. Одиграа, едноставно кажано, брилијантно, речиси нестварно, што го потвдруваат и бројките. Ако против Германија на стартот направија 24 технички грешки, од кои дури девет до средината на првото полувреме, во целиот меч со Хрватска имаа десет загубени топки, а до пред самиот крај на првиот дел само две. Во првата средба од шампионатот целиот товар во нападот падна на Портјанко и на Тодоровска, но сега Портјанко (осум гола) ја имаше поддршката и од „разбудените“ Кресоја (8), Бујанова (5) и Пецевска (4), а во листата на стрелците се запишаа осум ракометарки. Тоа му даде разновидност на нападот, кој достигна реализација од 57 проценти вкупно, колку што беше и прецизноста од позициските акции, а посебна вредност имаа четирите постигнати гола од шест напади со играч помалку.

Цели 52 минути македонската репрезентација суверено владееше на теренот во речиси исполнетата сала „Борис Трајковски“, носена од френетичната поддршка од трибините. Тогаш Портјанко го доби третото и последно исклучување од две минути, по кое предноста од пет погодока во тој момент се најде на сериозен испит. Излегувањето од игра на моторот на македонските напади до тој момент им даде надеж на гостинките, кои со одбрана 3-2-1 извршија жесток притисок и полека ја топеа негативата, која се спушти на само два гола и кој знае како ќе завршеше целата приказна ако на девет секунди до ��рајот Голубиќ не ја погодеше гредата.

Хрватките го имаа само почетното водство од 1:0, по кое домашните ракометарки водеа до самиот крај. Резултатското газење на противникот својата кулминација ја имаше во 47 мин., кога Пецевска зголеми на 26:19, а максималните седум гола предност потрајаа уште две минути, односно до погодокот на Бујанова за 28:21.

Зовко: Одигравте „страшен“ меч



Владимир Глигоров: „Бевме свесни за силата на Хрватска и беше прашање дали ќе успееме да влеземе во натпреварот без психолошкиот товар од поразот со Германија. Девојките се надминаа себеси, но и покрај победата во следниот меч со Србинките ќе влеземе како да немаме бодови и како да ни е борба за живот. Ќе докажеме дека оваа игра и победа не беа плод на случајност“. За Портјанко: „Таа во нападот даваше тон.

Свесно ризикував и ја држев и во одбрана, за да ја зачуваме предноста. Исклучувањето внесе немир, играта ни падна, но успеавме да го ’изнесеме‘ мечот и да победиме“. За Кресоја: „На првата средба не одигра на централната бековска позиција, но денеска даде полн придонес во нападот“. За Тодоровска: „Нејзината мала минутажа не беше дел од некаква тактика, туку принуден потег. Поради подливот на потколеницата од финишот против Германија, со д-р Илиев во последен момент решивме да не ја ’трошиме‘ на овој меч. Пецевска и Барјамоска пријатно ме изненадија на десно крило“.

Драгица Кресоја: „Го оставивме срцето на теренот. Бевме многу посамоуверени отколку против Германија. Одиме на победа и против Србија“.

Здравко Зовко: „Македонија одигра ’страшен‘ натпревар, а ние не одигравме како што сакавме. Му дозволивме на противникот да направи разлика, која бевме принудени постојано да ја бркаме. Лош меч за нас по победата над Србија, но тоа е ЕП. Многу е израмнето и секој меч си има свое сценарио“.

Миранда Татари: „Македонија одигра фантастично, со срце. Ние ’изгоревме‘. Како да очекувавме победата да си дојде сама од себе. Контрата и полуконтрата ни се најсилната страна, но сега игравме како под рачна. Сепак, не е крај на светот“.

Македонија - Хрватска 31:29



Полувреме: 15:13. Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 5.500. Судии: Добровиц и Тајок од Унгарија. Седмерци: Македонија 3/3, Хрватска 7/8. Исклучувања: Македонија 8 мин., Хрватска 4 мин. Црвен картон: Портјанко (3х2 мин.). Технички грешки: Македонија 10, Хрватска 14.

Македонија: Треноска, Андреева (7+1), Мечевска (0/1), Коцевска (0/1), Кресоја 8 (5/7, 3/3), Младеновска, Илкова, Бујанова 5 (5/13), Тодоровска 2 (2/3), Портјанко 8 (8/11), Црвенкоска 1 (1/1), Пецевска 4 (4/7), Барјамоска 2 (2/3), Новеска 1 (1/2). Селектор: Владимир Глигоров.

Хрватска: Кнезовиќ (1), Јелчиќ (10), Татари, Голубиќ 5 (5/7), Амброш (0/1), Гаќе 1 (1/1), Арсланагиќ (0/2), Пушиќ 3 (3/4), Павиќ 1 (1/2), Хорват 4 (4/11), Пенезиќ 6 (6/7, 0/1), Франиќ 7 (7/7 од 7 м), Ловриќ 1 (1/2), Зебиќ 1 (1/1). Селектор: Здравко Зовко.

Резултати од второто коло на ЕП 2008 во ракомет за жени

 

Група Ц (Охрид): Белорусија - Русија 25:29, Австрија - Шведска 10:24. Табела: Русија 4, Шведска 3, Белорусија 1, Австрија 0.



Група Д (Скопје): Македонија - Хрватска 31:29, Србија - Германија 31:32. Табела: Германија 4, Хрватска 2, Македонија 2, Србија 0.



Викенд- програма на ЕП

Сабота

Група Ц (Охрид): Русија - Шведска (18:15 ч.), Австрија - Белорусија (20:15 ч.).

Група Д (Скопје): Германија - Хрватска (18:15 ч.), Македонија - Србија (20:15 ч.).

Недела

Група А (Скопје): Франција - Унгарија (18:15 ч.), Данска - Романија (20:15 ч.).

Група Б (Охрид): Шпанија - Украина (17:15 ч.), Норвешка - Португалија (19:15 ч.).


Статијата е прочитана 549 пати.

Испрати коментар

Од: dragi
Датум: 06.12.2008 10:26:50
cestitki za nasite sportisti i do organizacijata koja bese na visoko nivo -- .no sramno e da gledas kako navivacite lesno prifatile za simbol da koristat ventilator i im ja ispolnuvat zelbata na grcite,-- a kade e makedonskio etnicki simbol sto gi obidinuva site makedonci niz svetot ,i dali utre taka ke bide i so makedonskoto ime.
Од: ohrid
Датум: 06.12.2008 15:19:01
cestitam devojki samo napred
Од: stojanka
Датум: 06.12.2008 18:34:22
taka e dragi vo pravo si ama nema koj da te slusne a pomalku da te razbere pa zatoa i nikoj ne ne ceni vo svetot a i pravilo e ako samiot ne se cenis drugiot uste pomalku
Од: Milorad
Датум: 07.12.2008 13:02:10
Cestitki do site rakometaki za pobedite protiv Hrvatska i Srbija. Mozebi sme poslabi vo organozacoija no vakva publika ja nema nikade. na sledniot natprevar neka se pokaze i znameto od vergina, da se vidi koi sme i sto sme.

Најди! во ��трински
Барај со НАБУ
Спорт
„Хонда“ се повлече од Формула 1
Чистачите на подот во главна улога
Србија ја испушти Германија, Шведска ја понижи Австрија
Современи Потемкинови села
Чудниот црно-бел свет на Данците
Фудбалски вести
Богат фудбалски викенд на малите екрани