Чистачите на подот во главна улога
Натпреварите од второто коло во групата Д во Скопје меѓу Србија и Германија и меѓу Македонија и Хрватска доцнеа 45 минути поради технички проблеми. Курцшлусот изби со растворот за бришење на подот, кој бил измешан со вода во несоодветни пропорции, па подлогата беше премногу лизгава. Од Организацискиот комитет објаснија дека вината не е кај нив, туку кај изработувачот на подлогата „Герфлор“, кој го доставува и растворот за нејзино чистење |