Впечаток е дека власта влегува во дефанзива, соочена со опасноста од аферите што потресуваат дел од нејзините ресори
Александра М. Митевска
Конфронтирање со медиумите, редовни контрареакции на опозиционите реакции, префрлање на друга адреса на одговорноста за погрешните чекори, потреба да се дообјасни секој потег за кој се кренал поголем прав во јавноста... Така функционира пропагандната машинерија на власта последниве денови, соочена со опасноста аферите што потресуваат дел од нејзините ресори и конфликтите што искрснуваат во повеќе области да и' го нагризат грижливо градениот рејтинг. Дали ова е знак дека власта почнува да ја губи пропагандната војна, во која дарежливо инвестираше минатите години? Нејзината офанзивност спласнува и без пожестока активност од опозициониот табор каде што се' уште се преокупирани со внатрешните реформи.
Еден гест, што помина речиси незабележано во јавноста, практично откри дека владините кампањи веќе не постигнуваат исти ефекти како порано: ВМРО-ДПМНЕ, како партија, почувствува потреба да ја поздрави одлуката на Владата (предводена, исто така, од ВМРО-ДПМНЕ) за намалување на ДДВ за становите!
„Се забележува дека во последно време е сменета кампањата на власта. Колку што повеќе аферите излегуваат во јавност, толку таа се' поочигледно влегува во дефанзива. Тоа е сигнал дека се менува перцепцијата на народот за Владата“, оценува политикологот Виктор Георгиески, докторанд по меѓународна политика.
Тој посочува дека секоја влада има свој циклус и оти во случајов треба да се имаат предвид и најавите за консолидирање на опозицијата, како потенцијална опасност за разнишување на позициите на владејачката десница. „Луѓето почнуваат да се заситуваат од власта, особено во ситуација кога таа не продуцира поконкретни резултати на меѓународен план или во сферата на економијата. Тогаш народот станува жеден за нешто ново“, објаснува Георгиески, посочувајќи дека и власта станува свесна оти мора да понуди нешто ново, нешто со што повторно би ги поттикнала граѓаните да ја слушнат.
Ако до пред извесно време „тврдината“ на премиерот Никола Груевски беше отпорна на афери кои, и ако се појавеа не добиваа поголем одек во јавноста, сега ситуацијата изгледа поинаква. Рекламите за достигнувањата на власта во образованието, здравството, економијата... и натаму во чести интервали се вртат низ телевизиските екрани, но впечаток е дека погласно од нив одекнуваат вестите во низа за случаите со маичките и со панцирите за МВР, со ревизорскиот извештај за Министерството за транспорт и врски, со дворот на министерот за правда... Фокусот на публиката се' повеќе е насочен кон случувањата околу плоштадот во Скопје, кон поправаните скулптури наменети за центарот на престолнината, кон чистките во образованието... И ретко кој обрнува внимание на владините оправдувања дека овие случаи се дело на локалната самоуправа (каде што контролата, повторно, ја има ВМРО-ДПМНЕ).
Но, и покрај се', факт е дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму е на врвот на топ-листите на популарноста и оти премиерот Груевски останува политичар со највисок рејтинг. Слична е ситуацијата и во албанскиот блок, каде што ДУИ и Али Ахмети водат во анкетите. Но, факт е дека повторно почнува да се зголемува и бројот на неопределени гласачи, кои не знаат кого би го поддржале или не би гласале за никого кога сега би се одржувале избори.
Аналитичарот Ѓунер Исмаил во неодамнешната изјава посочи дека за опозицијата е клучно да понуди вистинска алтернатива во политичкиот простор. „За СДСМ, како партија со најголема гравитациска моќ, најважно е да успее да се претстави пред граѓаните како сериозна политичка опција, која може да биде алтернатива на власта. Во овој момент и Груевски да реши да оди, и целата негова екипа да ги спакува куферите, на политичката сцена ќе нема алтернатива“, оцени Исмаил.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на тригодишнината од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ рече дека неговата партија има обврска да понуди сериозна, кадровски и програмски значително поквалитетна алтернатива која ќе ја заслужи довербата на граѓаните.
Дане Талески, член на ИО на СДСМ, во изјава за „Утрински весник“ наведе дека власта почнува да ги губи сите лостови преку кои обезбедуваше влијание во јавноста, оти буџетот и социјалните трансфери се намалени. Според тоа, агресивната кампања е единствен метод што и' станува за да го зачува рејтингот. „Сликата за Владата почнува да се менува и таа станува се' понегативна. И, колку повеќе Владата е дефанзивна, таа ќе станува се' поагресивна. Колку повеќе ја губи површината под нозете, толку поинтензивно ќе владее со ширење страв и со притисоци, а тоа значи дека станува опасна. Дека нема аргументи, па влегува и во лични конфронтации“, вели Талески.
Политикологот Георгиески, пак, смета дека власта ќе продолжи со досегашната пропагандна политика. „Не сум сретнал пример влада да закупува толку голем простор во медиумите за себепромоција, со пари што би требало да се наменат за решавање на проблемите на граѓаните. Го гледав ребалансот на буџетот и не забележав дека има кратење на ставките за реклами, така што може да се очекува Владата да продолжи со истата политика, барем до следниот ребаланс“.
Како што наведува Георгиески, тешко се излегува од дефанзивна позиција, а ако Владата има намера тоа да го стори, ќе треба да ги реши сите проблеми и да исполни се' што ветила. Тоа, пак, смета нашиот соговорник, е речиси невозможно. Или можеби би било можно кога би живееле во еднопартиски систем – без опозиција (каква и да е таа во одреден момент).
Gresite deka Vladata ja gubi vojnata. So vakva opozicija ovaa vlada uste dolgo ke vladee i ke dobiva bitki. Sto se odnesuva do mediumite: Do sega bese darelzliva sprema niv, no i da prekine so darezlivosta i ostana uste edno oruzje za discipliniranje na mediumite, a toa e ZAKANATA (terorot). Ovaa Vlada voopsto nema da se dvoumi kako posledno sredstvo za opstanok(ako snema pari za da plaka i potkupuva mediumi) da upotrebi i teror. Dokaz: Prasajte gi kolegite od "Dnevnik" kakvi zakani dobivale od MVR za slucajot "Nabavki vo MVR". Gospoda(Drugari) od mediumite, spremajte se za teska borba dokolku sakate da informirate sovesno i realno. Od opozicijava(sega za sega)ne ocekuvajte nisto(izgleda vo koalicija se)Vie ste poslednata nadez na ovaa drzava nesto od nesto da izleze na videlina i da pocne da se menuva. Vo sprotivno-GOTOVI SME. (Propagandata i ponatamu ke ve laze deka med i mleko tece, mleko do dusa tece-od SWEDMILK, ostana uste medarite da pocnat medot da go isturaat, pa ke imame RAJ)
Од: Сергеј
Датум: 09.09.2009 01:03:49
Крајна цел на пропагандната војна на Груевски (која ја води против сопствениот народ!) е да го убеди тој истиот народ дека решението за сите проблеми на граѓаните е во исчезнувањето на опозицијата! Зарем треба некому да се „црта“ која е вистинската намера на Груевски која се крие зад оваа очигледна фашистичка идеја?! Многу држави во Европа и пошироко минаа низ експириментот на еднопартизмот, па и Македонија, и со еднопартизмот секаде проблемите се трупаа, а не се решаваа. Ќе рече некој на ова - тркалото на историјата не може да се сврти. Ами што правиме ако нашето „тркало“ имало и „рикверц“?! ( http://www.otpor.net.tf )
Од: gargi
Датум: 09.09.2009 02:17:14
Poraka do site nezadovolni od ovaa vlast treba da bide:bez strav i da se oddolee na site zakani,pritisoci i zaplasuvanja,da ne i se veruva poveke na lagite na Gruevski so koi sekojdnevno ne bombardira,a zad koi stojat samo nerealizirani vetuvanja.Sekoja vlast e minliva i promenliva pa i ovaa na VMRO.Zatoa site zaplasuvani i onepravdani koi se vo se pogolem broj,eden den ke im ja isporacaat smetkata na aktuelnive vlastodrsci i ke dobijat satisfakcija (kakva takva) za site prelazuvanja,brkanja od rabota,zaplasuvanja i drugi nepravdi koi im se napraveni.Samo od druga,narodna vlast,moze da se otkrie stepenot i obemot na kriminal i korupcija vo koi e dlaboko e navlezena ovaa vlada.Ne moze toa da se ocekuva od Jankulovska od krajno razbirlivi pricini.Za gradonacalnicite od VMRO i da ne zboruvame.Tie sve i svja.I direktori na ucilista,i clenovi na sudski sovet,i clenovi na sovet na obviniteli,i pobednici na tenderi,ma luge za se,sto drugo da se kaze
Од: mitko vika se lazete
Датум: 09.09.2009 02:23:51
Se lazete deka Grujo ja gubi propagandnata vojna. Toj uste nekolku kopja e pred SDSM. A pricinata za toa e jasna. SDSM nema sto da se zanesuva za pobeda vo ovaa vojna bez IZBORNA PROGRAMA. Tie nemaat poim sto sakaat. Da znaeja sto sakaat lesno ke gi pregazea VMROovcite koi se stetni kako crna cuma. Ama taka e toa so apatija ne se pobeduva.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 09.09.2009 02:34:01
Predxodnite vladi imaa uste pogolemi nesreki pa niti eden od ministrite nesi dade ostavka. Najmalce e kriv Mile Janakievski. Kako mu otkazaa komandite na avionot na Boris Trajkovski , Ministerot za transpor nego upravuvase. Drugo za 18god,se isprodadoa nisto ne izgradia: kade se parite. Za nepolni 3god,mnogu izgradia. Vo ova krizno vreme nese otkazuvaat od gradenjeto duri delat na ucenicite bezplatno ucebnici i prevoz.
Од: sikter Vlada
Датум: 09.09.2009 04:34:27
Ovaa Vlada pod hitno da si odi. Gruevski za ovie 3 godini osvem lagi nisto drugo ne napravi. Na pocetokot mu veruvav, mislev deka covekot e iskren i deka navistina nesto ke napravi no sega svakam deka toj e najgolemata laga vo istorijata na Makedonija. So reklamite po site televizii aman vise ne podu. Mi se gadi uste koga ke go vidam onoa "Ostvaruvame - Vlada na Republika Makedonija". Od "ostvaruvame" ni bukvata "O" ne ja ostvarija a na site strani cetki i falbi udaraat demek sve ostvarile. Nie NIKOGAS poloso ne sme ziveele od sega sto ziveeme. Sve e naduvana rabota a vsusnost sekoj den beter i pobeter e. I toa sto ne bese opljackano ovie go doopljackaa. Treba da si debil za da mu veruvas na Gruevski i na ovaa Vlada. Samo nepismen covek moze da veruva vo onoa sto Gruevski go zboruva. Neka si odat SIKTER od ovaa Drzava - kurtul da sme od niv. Sto pobrgu si odat tolku podobro za Makedonija i za nas narodot. Grujo te glasav ama sega edvaj cekam da si odis. Kako ne ti se zdosadi od LAZENJE
Од: Ljubotan
Датум: 09.09.2009 06:01:09
Samata slika ,Mi kazuva deka se raboti,za edna Decurliska Drzava! Samo eden,e so bela kosa,a drugite kako ;Bon Vivanti! Pove Se pazat kako se obleceni, a ne sto ce praat so diplomatijata, i so niv ce pravime Drzava!
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 09.09.2009 06:01:27
Po mene licno vladata treba da se trudi i da napravi soedinuvanje na celoto VMRO ,kako i na novite partiji koj prizlegoja od nego .pa i na drugite pariji vo edna nova parija VMRO- ZA SVETSKA GEOFRAFIJA NA RM i da pocnat da tecat rabotite kako sto treba vo celost i sekoj da se zalaga za dobroto na RM ,kade za seto ova mnogu ke pridonese i otvaranjeto na noviot eliten restorant -klub na novo imenuvanata gorna parija ,a istovremeno i statula na opstina AERODROM.,poznata kako ALEKSANDAR MAKEDONSKI.POZZ ORCE MAKEDONSKI
Од: ЛС-Скопје
Датум: 09.09.2009 07:03:27
Се доближуваме до точката на преломот! Кој ќе го забрза доближувањето до таа точка? Време е да извлечеме поука дека ни требаат само две работи: развој на демократијата и важењето на правото. Тие се најсигурните услови за подобро живеење. Не ни треба силни личности, силни влади, силни програми. Ајде најнапред да влеземе во демократијата и во важењето на правото.
Од: Mario
Датум: 09.09.2009 07:50:07
Mozete site da komentirate sto sakate megutoa pak na krajot ke pokazat narednite izbori, pa ke se vidi na lice mesto kako milsi narodot, dali zasluzuvaat da ostanat ovie ili da dojdat narednite (t.e. istite SDSM). Od moja strana edna poraka ne glasajte za nikogo.
Од: Goran
Датум: 09.09.2009 08:06:33
Zboruvajte kako sakate ,od ovaa vlada,od ovoj premier podobri ne sme imale.Kolku ovaa vlada napravila za Makedonija tolku niedno prethodno ne e.Od koga dojde na vlast Gruevski mnogu raboti se smeneti na podobro.
Од: vmrovec
Датум: 09.09.2009 08:50:28
E pa gledam deka pak pocna masinerijata na Branko, ne e ova Rada pa Grujo da si sedi doma i da krpi rejting. Ako itno ne sednes mili Grujo so covekot koj go sotre komunizmot vo R.Makedonija a toa e Ljubco jas so sigurnost ti predviduvam deka do pocetokot na 2010 na kol ke te raspnat mediumite . Ne znam kolku si svesen za taa rabota ama rozi sigurno ne ti cvetaat, samo ljubco moze da te spasi oti samo toj izgleda ti misli arno od site tie voskari pokraj tebe. Pazi se pola vlada ti se komunjari a za 2 i 3 esalon da ne zboruvame.
Од: Tom - Avstralija
Датум: 09.09.2009 08:51:50
Kaj vide aferi vo redovite na vladata , izgleda deka ti haliciniras ili ne si pri svest.Koi se tie aferi , dali imase ,,bacila,, TAT, ,,delovi za tenkovi ,,, ako imas malku mozok taksativno kazi vo koj aferi navlegla vladata.Zasrami se , ako e afera pokacuvanje na penzii , plati na upravata , izgradba na stadionot o mnogu drugi zafati , toa e veke nesto drugo .
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 09.09.2009 09:17:25
Во секој случај, додека имаат ваква „силна“ неопределена опозиција, тие нема да имаат проблем со лажењето на примитивните маси! Најнова задолжителна лектира на BMRO е „Говорите на Гебелс“. Стравот се расфрла и преку секојдневното поставување на Неспособните партиски Лигуши на функции во јавните претпријатија, кои патем, ретко и доаѓаат на работа, бидејќи никој ништо не им може! СДСМ, сè уште не е способна да се откачи од кадрите кои навиваат за Владеачката партија, бранејќи ја како најпатриотска, но најверојатно, загазени во сопствените алчни желби за власт, тешко можат да ја согледаат правата состојба! Неспособните Неработници во МТВ секојдневно, во апсолутен недостаток на креативност, емитуваат Пропагандни (гнасни) џинглови, каде бладата ни ги објаснува убавините на бладањето.Причината е што веќе немаат сопствена продукција, бидејќи ги исфрлија Работливите.Сега немаат што да понудат на ретките партиски гледачи, бидејќи таму останаа единствено Партиските Лигуши од сите бои и Премази.
Од: Михајло
Датум: 09.09.2009 09:48:41
@Kolo Diamantot
За 18 години независност има владеено и експертска влада, 4 години Љубчо (со Грујо министер) и 3 години сега - Грујо. Што значи дека невозможно е 18 години да владеел Бранко.
А за подобрување на животниот стандард размисли: кога се живее побезбедно?
во грагански војни, меѓуетнички конфликти и во изолаторска надворешна политика???
Град
Za nepolni 3god,mnogu izgradia
немаат ништо изградено, се етоа останато од Југославија па обновено. Нема никаква инфраструктура, буџетот се празни а се' што гледаме се споменици...
Од: Оли Јулчовски
Датум: 09.09.2009 10:03:27
Грешка,и тоа огромна.Точно е дека му,,пага,, на Вождот,Но, свати дека веке нема кој да затвара нема политичка Партија која треба да ја уништива па се сврти на ветувања,Замислете од 2010 година на социалците ке им светне,до тогаш нека се стрпат.
Од: Коко
Датум: 09.09.2009 10:12:38
А бе Коло Диамантот изгледа си заборавил. Кога имаше авионска несреќа во Скопје, оставка си поднесе министерот за транспорт Антонио Пешевски. Миле Јанакиевски, не само што треба да поднесе оставка заради бродоломот, туку и заради аферите во неговото министерство
Од: Patriot
Датум: 09.09.2009 10:16:00
Ми изгледа дека целава статија е само еден обид за тешење и кревање на моралот кај уништената, апатична и арогантна опозиција. Зошто г-ѓица Митевска не бара изјава и од неутрални или провладини експерти за да се чуе другата страна туку ги прашува „независни експерти и докторанти“ како членовите на УО на СДСМ Дане Талески, Ѓунер Исмаил и Виктор Георгиевски. Но не берете гајле ВМРО е со светлосни години пред СДС-БЈРМ и колку и да се тешите со народната „не умри магаре до зелена трева“ народот знае да прави разлика. Нека има избори сега, 2012, 2013 или кога било народот пак ќе ви даде шут карта. А за разочараните и исфрустрирани „независни“ коментатори од штабот на Бихаќка поздрав со песната „Муке моје нико не зна��
Од: Mene do Vas
Датум: 09.09.2009 11:07:11
Ako rejtingot na ovie lopovi im padja po logika bi trebalo na opozicijata da i raste. Brojot na ludjeto e ist. Ama kolku sto gledame opozicijata ima 10 pati pomal rejting. Sto znaci kradenjeto napravi nekolkumina bogati, a ostanatite osiromashija. Pa ako se normalni neka glasaat pak za istite. A i za ovie pak da glasate. Ke go stignat Bil Gejts vo bogatstvoto vo zemja sto propadja od lakomi politicari. Kako sporedba i dedoto na Bush prodaval oruzje na Hitler dodeka site se borele protiv nego, pa sega familijata mu e miljarderska.
Од: kole
Датум: 09.09.2009 11:39:26
Tocno e, ja gubi, ama mnostvo trevopasni zivotni kako Kolo Diamantot (potocno rgjata) i negovite VMRO-vski istomislenici mu davaat poddrska na covekot sto znae samo da laze, manipulira i da FRLA PO NEKOJA LOPATA beton... Prerodbata ja utna...