|
|
|
|
|
|
Суви славини по неколку часа
КАВАДАРЦИ - И ова лето почна рестрикција на водата за пиење во Кавадарци. Од ЈП „Комуналец“ велат дека се принудени да воведат рестрикции бидејќи е забележана зголемена потрошувачка. Славините се суви дневно по два часа, во периодот од 12 до 14 часот, а ноќе пет часа од 24 до 05 часот.
За време на рестрикцијата ќе се врши полнење на резервоарите. Воедно „Комуналец“ апелира до сите граѓани совесно и одговорно да ја користат санитарната вода. За несовесните ќе се преземаат санкции.
Кавадарчани ги револтира ваквата информација, велат дека не е в ред да останат по неколку часа без вода. Тие прашуваат зошто продолжува практиката од минатите години да остануваат жедни и покрај тоа што плаќаат значително поскапа вода споредено со минатиот период.
Граѓани од улицата „Илинденска“ во централното градско подрачје се пожалија дека два дена останале без вода за пиење и по повеќе од 5 часа, иако од „Комуналец“ најавуваат дека рестрикцијата ќе трае само два часа. (А.Д.) |
#
|
Статијата е прочитана 604 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: clen na VMRO |
Датум: 28.06.2011 09:33:19 |
|
Vo Kavadarci se pie nezdrava voda,hlorirana maksimalno nad dozvolenoto.Doktorite tvrdat deka vo Kavadarci ima najmnogu lugje so kamen vo zolcka i bubrezi blagodarenie na vodata.Starata praksa za restrikcija dopolnitelno ja vlosuva sostojbata odnosno kvalitetot na vodata.Nad 5.000 gragjani se utuzeni za komunalni smetki,a nikako da svatat deka VODA mora da ima a i deka smetkite se previsoki. |
|
|
|
|
|
|
|
|