Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

„Мостот на Нина“ замина во историјата

На негово место ќе никне нов премин, со современо конструкторско решение

СТРУГА - Дрвениот мост на реката Црн Дрим, во Струга, меѓу граѓаните познат како „Мостот на Нина“, дефинитивно, е урнат. Замина во историјата, си го отслужи своето, иако многумина се чудеа уште кога беше подигнат. Во секој случај, стружани, а и гостите, не го прифатија за свој и не одговори на функцијата за која беше наменет. Тогаш посмелите дури и коментираа дека тоа ќе биде задужбина на една политичарка и една политика.

На негово место ќе никне нов мост, со современо конструкторско решение. Најавено е дека по завршувањето на летната туристичка сезона ќе почнат градежните работи на новиот бетонски мост - со челична конструкција.

Стариот мост во Струга е изграден кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век, по иницијатива на тогашната претседателка на тогашниот Извршен совет на Општина Струга, Уранија-Нина Попоска. Попоска е дел од тогашното локално раководство, која е позната и по продукцијата на познатиот случај со В��вчани со водите. Тоа општинско раководство се судри со вевчанци околу употребата на водата од нивните извори. Уранија -Нина Попоска тврдеше дека зафатот на изворите е потребен за соседното село Октиси, додека, пак, вевчанци тврдеа дека водата се носи до елитната вилска населба Елен Камен, каде што свои објекти имаа некои од републичките комунистички функционери.

Случајот кулминираше со употребата на специјалните полициски сили против народот, на 7 август, а беше завршен дури во септември наредната година. Собранието на Македонија усвои став и потврди дека интервенцијата на полицијата била незаконска, дека не се почитувани овластувањата и оти градежните работи на водоводот започнале без соодветна документација. Претходно, на 9 август, новиот лидер на СКМ, Петар Гошев, официјално им се извини на вевчанци, промовирајќи ја

„Декларацијата за човекови права“. Се смета дека случајот со Вевчани е почетокот на македонската демократска пролет.

Претседателката на Извршниот совет и тогашна градителка на дрвениот мост, Уранија-Нина Попоска, засекогаш замина од политичката сцена, но останаа запаметени нејзините битки со вевчанци, особено со жените, но и со новинарите на кои им делеше квалификации како: „отворени непријатели“, „вевчански зетови“, „легионери“.... (В.М.)


#
Статијата е прочитана 1123 пати.

Испрати коментар

Од: bitola troa skolovan
Датум: 28.06.2011 13:37:50
kolku interesno kazano za vodata koja bila na vevcanci,/ne razbiram kako/ a sekoj den velime deka seuste imame naselbi bez voda pa kako da se resavaat tie problemi ako vodata e na nekoj lokalen serif ili ??????????? Dvojnosta na gledanje na eden ist problem e mnogu cuden.
Од: нашетан и начитан инженер
Датум: 28.06.2011 15:07:27
Насловот на написот се однесува на демонтирањето на дрвениот мост на Дрим во Струга, а целиот текст е посветен на наводната иницијаторка за негова изградба! Ви тврдам дека во светот пешачките мостови во рекретаивни зони и туристички места, се градат претежно од дрво, односно во современа технологија од лепено ламелирано дрво, која ги исполнува најстрогите критериуми и барања за примена на соответни еколошки градежни материјали. Случајот со неприфаќањето, негрижата и неодржувањето и конечно рушењето на овој мост во Струга укажува на нашата неукост, односно неинформираност, а очигледно и политичко влијание во работи кои немаат никакава врска со политиката. Ке беше смешна и чудна, ако не беше тажна оваа приказна...

Најди! во Утрински
Македонија
„Тигри“ ги спасиле Финците
Мозоците заминуваат за подобра работа
Отворете четири очи кога купувате играчки
Суви славини по неколку часа
Драма на татко и два сина во Струга

"""