Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Драма на татко и два сина во Струга

Спасувачка драма на татко и на неговите два сина на струшкото крајбрежје. Семејството што се возело на педалинка во еден момент се оддалечило од брегот и со часови стоело сред езеро, не можејќи да му се спротивстави на силниот ветер. Со брза интервенција на Црвен крст и на Единицата за спасување на Карпош, кои во близината биле на обука, 50-годишниот татко и неговите два сина навреме се спасени.

Драмата се случила завчера попладне во близина на хотелот „Дрим“ во Струга. Борбата на спасувачите со брановите во Охридското Езеро и силниот ветер ја следеле повеќемина туристи што се нашле во близина на една од најпознатите плажи на струшкото крајбрежје.

Осумчлената екипа за време на обука за пливачки техники, на која ја тестирала опремата за нуркање, во еден момент на 1,2 километри оддалеченост од брегот забележала неподвижен пловен објект.

По интервенција во Црвен крст, се информирале дека станува збор за педалинка што веќе два-три часа стоела в место и безуспешно се обидувала да се врати на брегот. Откако ги добиле ваквите сознанија, екипата од Црвен крст заедно со спасувачи од Единицата за спасување на Карпош влегла во езерото за да го спаси тричленото семејство.

На педалинката го нашле 50-годишен татко со своите два сина, кои безуспешно со часови се обидувале да се вратат на брегот. По интервенција на спасувачката бригада, прво биле извлечени децата, а по нив и нивниот татко. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 1542 пати.

Испрати коментар

Од: deli
Датум: 28.06.2011 08:22:41
Sekoja čest i pofalba za luge - spasiteli - profesionalci!

Најди! во Утрински
Македонија
„Тигри“ ги спасиле Финците
Мозоците заминуваат за подобра работа
Отворете четири очи кога купувате играчки
„Мостот на Нина“ замина во историјата
Суви славини по неколку часа

"""