|
|
|
|
|
|
Истражување на ГФК
Мозоците заминуваат за подобра работа
Во 2012 година постои ризик од одлив на високообразовни кадри, особено од дејностите истражување и развој
Повеќе од четвртина работници од 29 земји во светот се подготвени да заминат во странство во потрага по подобра работа, покажуваат анализите на компанијата за истражување на пазарот, ГФК. Исто толку планираат да го напуштат својот работодавец во 2012 година. Ова значи дека земјите што се' уште закрепнуваат од глобалната рецесија може да станат „дух-градови“ кога станува збор за вработеноста во нив.
„Во годината што доаѓа постои ризик на одлив на високообразовни кадри, особено од дејностите истражување и развој. Една четвртина од работниците што работат физичка работа и од службениците што имаат канцелариска работа се подготвени да бараат работа во странство, а таа бројка расте кај високообразованите работници”, вели Боге Божиновски од ГФК Скопје.
Оттаму нагласуваат дека компаниите треба сериозно да пристапат кон мотивација и ангажман на ��работените, бидејќи тоа заедно со задоволството на нивните клиенти и финансискиот резултат се трите најважни работи. Од ГФК предупредуваат дека компаниите треба да бидат загрижени, бидејќи стекнувањето или обучувањето на еден нововработен, можеби, чини и десет пати повеќе отколку задржувањето на постојниот кадар.
Состојбите во Македонија се пооптимистички. Cамо со 18 отсто од работниците што активно бараат да ги променат работодавците, Македонија се соочува со значително постабилнаa средина на задржување на вработените. Но, истражувањето не содржи податоци колку од нив се подготвени да заминат во странство.
„Бројот на мултинационалните компании тука не е голем за да овозможи преместување на вработените во рамките на истата компанија. Доколку одовде барате работа во ЕУ, постојат низа регулативи што не ги исполнувате, значи можностите не се така големи за да постои масовен одлив на вработени во други држави“, објаснува Божиновски.
Останува вистината дека за многумина вработени преселбата во друга земја веќе не им влева страв за разлика од промената на самата компанија. Компаниите бараат да го привлечат, да го ангажираат и да го задржат најдобриот персонал во одмерувањето на силите не само на конкурентите на пазарот во нивната земја, туку и од цел свет.
Инаку, голем број европски земји веќе ги отворија своите врати за високообразовен кадар од странство. На пример, во Германија им се дава можност на домашните претпријатија да вработуваат странски инженери и лекари.
Меѓународното истражување на ГфК за ангажираноста на вработените лица го реализира меѓународната компанија за истражување GfK Custom Research. Вклучени се мислењата на 30.556 возрасни вработени во 29 земји што беа интервјуирани онлајн или телефонски во периодот меѓу 8 февруари и 4 април оваа година. (К.Ч.)
|
#
|
Статијата е прочитана 1123 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 28.06.2011 00:10:06 |
|
Kaj nas i onie so mozok i onie bez mozok gledaat da zduvnat od ovde. |
|
|
|
|
|
|
Од: marjan.pp |
Датум: 28.06.2011 07:19:09 |
|
taka e,mak. koj vlozila vo ovie kadri ke si zaminat,a strancite koj ni eden cent ne vlozile si zemaat gotov proizvod,zosto vo mak. rabota dobivaat samo partiski vojnici i lepaci na plakati,a toa ni se vraka kako bumerang |
|
|
|
|
|
|
Од: a |
Датум: 28.06.2011 08:09:49 |
|
A od sto ke ziveat vo nivnata "ceneta" tatkovina, od socijalna pomos 2000 denari ili so fakultetski diplomi da odat da shijat po tekstilnite fabriki za 6000 den plata.... |
|
|
|
|
|
|
Од: gjoko |
Датум: 28.06.2011 08:14:49 |
|
Е веке не можам да ги читам овие написи за одлевање на мозоци. Значи авторите на текстовите изгледаа немаат други поинвентивни теми за пишување па се запнале за ова одлевањето на мозоците. Постојат две варијанти зошто авторите пишуваат за оваа теме:
1. Изгледа не се доволно информирани дека одлевање на мозоци има секаде во светот. Тоа е непрекинат процес кој што бара само квалитет. Значи кој сака може да остане во Македонија, а која сака може и да замине. Зависи од компетенциите на секој еден.
2. Сака да го замајува недоволно информираниот македонски народ.
Значи престанете веќе со глупости и најдете некоја поасална тема.
Ај со здравје. |
|
|
|
|
|
|
Од: slartibartfast |
Датум: 28.06.2011 11:09:48 |
|
I jas se spremam da fatam magla. Moze i mene da me zasmetate vo taa statistika. |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 28.06.2011 13:41:47 |
|
Interesen priod na gjoko vo svetskite ramki sto objasnuva,no ne se zanimava so domasnite pricini zosto e toa taka svetskite pricini se opstopoznati no probaj da gi prepoznaes domasnite ili e problem toa?
|
|
|
|
|
|
|
Од: vistina |
Датум: 28.06.2011 13:56:36 |
|
Za vo Makedonija da dojdech do nekoja rabota ne treba da imach mozok vazno e da si dobar posluchen vojnik pochto se e partiski i da nemach eden den chkolo mozech da bidech i direktor. |
|
|
|
|
|
|
Од: Економичен |
Датум: 28.06.2011 15:34:18 |
|
Абе Гојко не е ни тоа толку страшно кој што сака да замине, а тој што не сака да остане. Во МКД и тој што сака да остане мора да замине.
А уште полошо ќе биде за оние кои ќе останат (административци) од кого тие ќе земаат плата ? - оти моменталниов систем не е одржлив. |
|
|
|
|
|
|
|
|