Филип Клетников на поетски фестивал во Франција
Младиот македонски поет Филип Клетников ќе учествува на интернационалниот поетски фестивал „Гласови на Медитеранот“ што се одржува традиционално од 20 до 30 јули во Сет, родниот град на големиот француски поет Пол Валери. На фестивалот учествуваат стотина поети од сите континенти на светот, најмногу од земјите на Медитеранот.
Филип Клетников е автор на поетската книга „Некаде помеѓу“ што се појави во издание на „Дијалог“ од Скопје. Покрај поезија, пишува и есеи и раскази. Сега е студент на постдипломски студии по медиевалстика во Германија. (Н.П.)
|