Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Култура
Во „Феникс“ хит на летото е „Последниот харем“ од Петер Пранге

Членовите на Клубот на книгата „Феникс“ деновиве за хит на летото го избраа романот „Последниот харем“ од истакнатиот германски писател Петер Пранге, кој е објавен во два дела. Станува збор за документарен и фактографски роман кој се чита со посебно задоволство и во еден здив. Овој историски роман претставува вистински возбудлив и привлечен бестселер, кој не случајно е преведен на голем број светски јазици и има доживеано многу изданија.

Како што информираат оттаму, на второ место од летната хит топ-листа се најде трилогијата „Принцезата Султана“, а на трето место се петте дела од Ог Мандино: „Најголемиот трговец на светот“, „Најголемата тајна на светот“, „Најголемиот успех на светот“, „Дар на ѕвез��ата Акабар“ и „Дванаесеттиот ангел“.

Инаку, сите изданија на „Феникс“ на Летниот саем на книгата, кој се одржува во Охрид, Скопје и низ целата земја од 1 јули до 1 септември се продаваат со попуст од 40 до 70 проценти, а просечната цена на изданијата е од 150 до 200 денари. (Н.П.)

#
Статијата е прочитана 344 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Фото-изложба „Два/2“ во општина Карпош
Смешно е да се двои кој е Македонец, а кој не е
„Духот на баба Илонка“ премиерно на фестивал во Пула
Филип Клетников на поетски фестивал во Фран��ија
„Со песна низ времето“, концерт на „Танец“

"""