Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Култура

„Духот на баба Илонка“ премиерно на фестивал во Пула

Играниот филм за деца и возрасни „Духот на Баба Илонка“, во хрватско-австриско-македонска копродукција, а во режија на Томислав Жаја и по сценарио на Ирена Крчелиќ, своето премиерно прикажување ќе го оствари на 58. издание на Фестивалот на игран филм во Пула, кој почнува денеска, а ќе трае до 23 јули.

„Духот на Баба Илонка“ е избран да се прикаже во главната секција на националната програма на 19 јули. Филмот се снимаше во јануари и февруари оваа година на локации во Загреб, Скопје и во Виена. Станува збор за музичка комедија со елементи на фантастика која го портретира животот на едно необично семејство низ очите на десетгодишно девојче.

Главните улоги ги толкуваат младите Селма Ибрахими и Марин Арман Грбин, а македонската глумачка фела, предводена од Сабина Ајрула (во улогата на баба Илонка), ја претставуваат уште и Емран Куртисова, Северџан Бајрам, Ирфан Незир и Дилавер Муаремов.

Директор на фотографија е Марио Делиќ, а композитор е Вјеран Шаламон.


#
Статијата е прочитана 396 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Фото-изложба „Два/2“ во општина Карпош
Смешно е да се двои кој е Македонец, а кој не е
Филип Клетников на поетски фестивал во Франција
Во „Феникс“ хит на летото е „Последниот харем“ од Петер Пранге
„Со песна низ времето“, концерт на „Танец“

"""