Гостување на Турскиот театар и на театрите од Струмица, Велес и Прилеп на „Чернодрински“
Вечерва, во 19.30 часот на фестивалот во Прилеп гостуваат Струмичани со Шекспировата „Комедија од грешки“, во режија на Владлен Александров, која ќе биде одиграна на сцената на Домот на културата. Од 22 часот, во театарот во Прилеп, следи претставувањето на домаќините со „Светилникот“ на Димитар Талев во режија на Владо Цветановски. На полноќ, во црквата „Св. Никола“, ќе се случи изведбата на „Сердарот засекогаш љубов“, од придружната програма, на театарот „Скрб и утеха“. Во недела гостува Турскиот театар кој ќе се претстави со „Женички“ од Тунџер Џуџеногу, во режија на Наташа Поплавска, која ќе биде изведена од 19.30 часот во Домот на културата. Од 22 часот, во театарот, следи изведбата на „Да се заборави Херострат“ од Грегориј Горин, во режија на Зоја Бузалковска, на Велешки театар. На полноќ, во делот на придружната програма, во Домот на културата, ќе биде изведена претставата „Приказна за Роналд Кловнот од Мекдоналдс“ од Родриго Гарсија, во режија на Софија Ристевска, на Кумановскиот театар. (Л.М.) |