Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Есенска соната“ со Ингрид Бергман и Лив Улман во Кинотека

Во рамките на циклусот „Бергман и жените“, кој се прикажува во Кинотека, денеска ќе може да се види филмот „Есенска соната“ од 1978 година. Во овој есеј за односот меѓу мајката и ќерката главните улоги ги играат Ингрид Бергман и Лив Улман. Станува збор за една исклучителна приказна која ја истражува комплексноста на односот меѓу родителот и детето секогаш проткаен со љубов, но и со недоразбирања.

Во недела пак, ќе се прикаже „Жените чекаат“ од 1952 во кој Бергман на својот особен начин ја испитува женската интима. Три жени се наоѓаат во една викендичка, во која додека ги чекаат мажите копаат по своите сеќавања, искуства, потреби и очекувања. Циклусот на Бергман трае до 13 јуни, а проекциите се од 20 часот. (С.У.)


Статијата е прочитана 96 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Театарскиот маг Питер Брук доаѓа на „Охридско лето“
„А сега уметност...! - мултимедијален настан на скопскиот плоштад
Парадоксот на револуцијата
Гостување на Турскиот театар и на театрите од Струмица, Велес и Прилеп на „Чернодрински“
Слободата треба постојано да се освојува