|
|
|
|
|
|
Поглед
Кутрите промотори
Маја Томиќ
Ако ни недостигаат инвестиции, барем не ни недостигаат промотори. Ги имаме 19, засега, но ќе бидат за десет повеќе до крајот на наредната година. Никогаш не се знае колку инвестиции можат тие да ни донесат еден ден. Ама не се знае ниту кога ќе дојде тој ден. Кога се инвестициите во прашање, и понатаму се' останува во знакот на неизвеснота. Како во оваа, така и во претходните неколку години. Многу најави, многу ветувања за експлозија од странски инвеститори. И се' остана на тоа. Од нив нема абер. Податоците од Народната банка за влезените инвестиции во деветте месеци од 2010 година велат само 111,4 милиони евра. Македонија останува на дното во регионот.
Па, не може, а да не се праша, зошто промоторите не ги засукаа ракавите и не донесоа некоја инвестиција за да ја оправдаат убавата платичка и комфорниот живот во странство? Двете илјади евра плата која им се дава од државната каса, односно од џебот на граѓаните, не значела ништо посебно во странство. Таму животот е скап и не може да се прави некаква споредба со нашите плати во Македонија. Така вели директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо. Истовремено, објаснува дека две турски компании веќе дошле во земјава во посредство на промоторите. Ги бранеше дека тие имаат огромни обврски, дека мораат макотрпно да работат многу време додека кандисаат некоја компанија да ја посети земјава, а уште повеќе, ако таа реши да инвестира. Просто на човек да му дојдат солзи на очи од чувството на сожалување за нивниот комплициран ангажман.
Налет нека се парите. Битно е промоторите да донесат конкретни резултати. Што би значело по неколку јаки компании годишно кои ќе го качат нивото на инвестициите во земјата. Само така и само тогаш нема никој да биде критички настроен кон промоторите и да гледа скептично на нивната работа, која во суштина никој и не ја гледа. |
#
|
Статијата е прочитана 1147 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Golema utka |
Датум: 30.12.2010 12:19:19 |
|
Odnosot na vladata sprema stranskite investicii, a posebno sprema tn. promotori e edna golema utka koja gradjanite na Makedonija gi cini mnogu pari!
Smetkite za ovaa utka ke usledat po smenata na vlasta! |
|
|
|
|
|
|
Од: kamo |
Датум: 30.12.2010 12:19:34 |
|
Sto znaci "Promotor"? Sto promovira promotorot vo stranstvo,ja promovira svojata zemja? Pa sto raboti togas ambasadorot i ambasadata vo taa zemja? |
|
|
|
|
|
|
Од: ahmet |
Датум: 30.12.2010 12:44:13 |
|
kutri sme nie so mal pamet i malomozocni. grujo bici li bici. samo za negovite hirovi ima pari. za se drugo mora da se stedi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Деда Џоше од Мартиницу |
Датум: 30.12.2010 13:03:56 |
|
Госпојо Маја, па немој такој ,да гу„ кудиш„ овуј наши потенцијални„ удавачи и удавци „у бели свет?!Куде они имају вакат за инвеСиције????Па тој су велики градови ,па тој ти је велика скупоќа ,затој и трошев толке пари од наш џеб!Немој ти се молиме такој, ,да гу гониш„ овуј наши дечурлије ,а и добро кажеш, еве, сузе саме ни иду и мене и на моју бабу !Па како што каже бренд од КАолицију -кока кола-БОЗА,нико тамо не гу знајев ,нека идев овај бренд и само нека се појавив на улицу, и да видиме какој 100 људи имав да гу отпоздраве!!!!Колко очеш инвеСиције Ах ...Ах, какој што каже Џеврије-АКО ЈЕ ПИСАНО НЕКА СЕ ОТПИШЕ.......................... |
|
|
|
|
|
|
Од: zoran |
Датум: 30.12.2010 13:10:20 |
|
ako se prodolzi so vakov pad na stranskite investicii na kraj ke ispadne deka promotorite ke potrosat poveke pari nego sto ke privlecat stranski investicii. |
|
|
|
|
|
|
Од: Moris |
Датум: 30.12.2010 14:19:37 |
|
A onoj Atanasovski sto e promotor vo Indija e stomatolog od semejstvo so stomatolosko pedigre i avtoritet, No rabotel vo Irak vo KBR pa imal iskustvo za ekonomija.. Ke ima od indija investicii vo Makedonijake ima nabrzo no dogovor seuste nema. Moze da ima donacija za stomatoloski ordinacii a investicija ke nema barem naredni 10 godini. Inaku plata imaat kako nasite profesionalni vojnici vo Avganistan. DObro e toa. Sekoj zasluzil plata pa makr i ako klati vrata.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 30.12.2010 14:49:46 |
|
Промоторите сигурно ги промовират сопствените џебови.А сигурен сум дека меќу нив има такви кои се неспособни и за тоа,Но сепак прават трошок од државните пари.Не е малку и ова кое го трошат за сопствени плати а ништо не допринесуват.Каде отидоа инвеститорите кои до вчера чекаа на граница. |
|
|
|
|
|
|
Од: gv |
Датум: 30.12.2010 15:03:45 |
|
Molku se 2000 evra ako gi posetuvaat nocnite barovi ,sinmi raboti vo stranstvo i zema 1700 evra plata mesecno ,gi skoluva decata,placa stan ima kola i dobro zivee.Sto prvat nasite ambasadi . |
|
|
|
|
|
|
Од: Ja sum ekonomski promotor |
Датум: 30.12.2010 20:11:52 |
|
promoviram sve, 50% od srednoskolci sakaat da begaat od makedonija, pa da dojdat stranci oti ima mesto tuka za celi, im vikam dojdete ako investirate vo makedonija ke vi izvadime i bugarski pasosi ke treba samo bugari da se pisete pa i da ste od indija ne mi e glaje bugari ke ve piseme site |
|
|
|
|
|
|
Од: Gaber |
Датум: 30.12.2010 21:18:37 |
|
So takvite promotori partiski puleni, a ne eksperti stranski investicii ce dojdat na sveti Trajce,a toa znaci nikogas, a glavnata pricina im se malite plati.Pa ako im se mali neka se vratat doma da gi merat so domasnite.
P.S.Vo crkovniot kalendar ne postoi praznik sv. Trajce. |
|
|
|
|
|
|
Од: Симеон |
Датум: 30.12.2010 23:42:46 |
|
А што бре луѓе и кај треба и кај не треба ви сметаат тие што се крстиле бугари. Па албанци има сосе пасош и барјак среде Скопје, шесто илјади па никому ништо. Сите македонски бугари си ги имаат истите маки како и сите други во Македонија. Зошто само тие ви семтаат? |
|
|
|
|
|
|
Од: Силбестер, Сиднеј |
Датум: 31.12.2010 00:33:30 |
|
Јас сум свесен дека никакви инвестиции нема да дојдат, без разлика колку силно ќе трубиме и ги молиме странците. Не можам да разберам како лугето од владата неможат да го уочат тоа. Многу подобро би било тие пари да се разделат на социјалните случаи, отколу на промотери (јанкесеџии) без никаков успех. Тогаш владата ќе направи поголема промоција. Ќе се нахранат многу сиромаси, и парите ќе останат во МК. |
|
|
|
|
|
|
|
|