Број 3470  четврток, 30 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Зимски одмор

Спијте во хотел од мраз

Зимскиот одмор не е само скијање, сноубординг и топло какао крај камин. Сега може да избирате меѓу топли арктички извори, хотели од мраз, пешачење по огромни глечери во тропска шума...

Кога размислуваме за зимски одмор, прво на што помислуваме е скијање, сноубординг и топло какао крај камин во викенд-куќичка. Но, има многу повеќе од тоа! Топли арктички извори, хотели од мраз, огромни ледени скулптури, па дури и снежни мајмуни! Зграбете ја вашата куса бунда со качулка и ракавици без прсти и, секако, понесете костим за капење – одиме на тура низ некои од најегзотичните зимски дестинации во светот!

„Ајс хотел“, Шведска

Повеќе од хотел, „Ајс хотел“ е уметнички проект. Се' е направено од снег и мраз - влезот, ѕидовите, барот, креветите, дури и лустерите.

Кога ќе почне да паѓа снег во ноември, тим архитекти, дизајнери и уметници градат челични рамки, а потоа ги прскаат со снег. Неколку дена подоцна тие ги отстрануваат формите и ете! Хотелот од мраз е готов.

Како се спие таму? Температурата во собите е под нулата, така што мразот, креветот, всушност, тоа е плоча од ��раз - не се топат. Гостите добиваат вреќи за спиење и ракавици без прсти за да им биде топло во текот на ноќта. Во некои соби има различни теми, како годинашнава тема „трон“. Наутро ќе се загреете со чаша топол џус, кој, веројатно, не се служи во шолја од мраз. Хотелот е отворен од декември до април, во најтемниот период од годината кога сонцето никогаш не го надминува хоризонтот. Сонцето можеби нема да го видите, но тоа е добар период и место за да се види северната светлина.

Хотели од мраз има и во други популарни зимски дестинации.

Леден бар под нулата, Сеул, Јужна КореJа

Ако не сте расположени за спиење на плоча од мраз, можете да го посетите барот од мраз во Сеул, Јужна Кореја. Се' во „Ајс бар“ е направено од мраз: ѕидовите, масите, барот, па дури и чашите. Во него, исто така, се организира и „Ајсмен“ натпревар за да се утврди кој може најдолго да остане на мраз. Влезница за барот чини 15.000 вони (околу 15 долари), а во цената е опфатено изнајмување палто и ракавици и еден бесплатен пијалак. Доброто нешто за „Ајс бар“ е тоа што е отворен во текот на цела година, така што можеби не сакате да бидете херој и да го посетите во зима, туку во периодот кога надвор е топло и треба да се разладите.

Леден бар има и во Орландо, Флорида. Во барот има „просторија со камин“, така што можете да избирате меѓу студено и топло.

Скијање во Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Скијање среде пустина! Дубаи е како Лас Вегас на Блискиот Исток, некои велат, Вегас на стероиди, а една од најпривлечните работи е центарот за скијање „Ски Дубаи“, односно затворен простор со ски-терени. „Ски Дубаи“ е лоциран во трговскиот центар на Емиратите и претставува третиот најголем затворен терен за скијање во светот: има површина од 74.000 квадратни стапки и користи шест илјади тони снег. Како се добива снег во пустина? Ја исфрлаат водата под висок притисок во атмосферата. На теренот има пет патеки за скијање, како и сноуборд-зона во слободен стил.

Во соседниот Снежен парк има патеки за санкање и тобоган, лизгалиште, галерија за стрелаштво со снежни топки, ледена пештера и простор за правење снешковци. А бидејќи повеќето луѓе не се навикната да носат куси бунди во пустина, во цената се вклучени зимска облека, скии и друга опрема.

ПешаЧење на глеЧер во тропска шума, Нов Зеланд

Луѓето со години пешачат на глечерите во Алјаска и на други места, но она што ги прави толку уникатни глечерите Франц Џозеф и Фокс е тоа што се наоѓаат во тропска шума. Така, пешачите низ тропска шума, облекувате топла облека и крампонки за влечење на мраз и готово! Веќе пешачите на глечер. Станува збор за пешачење по замрзнат водопад. Во некои делови пешачењето се одвива низ тунел од мраз.

Оние што пробале велат дека пешачењето на глечер не е тешко како што се мисли, но, сепак, има и хеликоптерски тури до глечерот за оние што не сакаат да се движат. Франц Џозеф нуди екскурзии од половина и од цел ден, кои завршуваат со капење во топлите базени на глечерот, за да се загреат старите коски.

Фестивал на мразот во Харбин, Кина

Харбин е главен град на провинцијата Хеилонгџијанг во североисточна Кина, во близина на границата со Русија. Температурите во зимските месеци можат да бидат под нула, поради што условите се совршени за фестивал на мраз. Тоа е едномесечен фестивал што се одржува во јануари и таму се претставени големи скулптури од мраз и снег како ликови, музичари, танчари, животни и многу други. Покрај тоа, зградите се направени од мраз и се осветлени со различни бои. Повеќето од нив се толку големи што можете да минувате низ нив.

Агенцијата „Чајна холидеј“ нуди неколку пакет-аранжмани за Фестивалот на мраз, како осумдневна тура со која се патува со „Ориент експрес“, се посетуваат плоштадот „Тијананмен“, кралската палата „Шенјанг“ и Забранетиот град, а има и можност за зимско пливање во реката Сонгхуа - доколку имате смелост! Фестивалот во Харбин е еден од најголемите фестивали на мраз во светот. Такви фестивали се одржуваат и во Јапонија, Канада и во Норвешка.

„Сина лагуна“, РејкЈавик, Исланд

Во арктичкиот терен на Исланд, кој личи на Месечината, „Сина лагуна“ е надреална визија на спокојство. Тоа е огромна геотермална бања од десет илјади квадратни стапки, опколена од карпи од лава покриени со снег. Од млечносината морска вода излегува пареа, а температурите се 100 Фаренхајтови степени. Бањата е позната по лековите својства, особено за оние што боледуваат од кожната болест псоријаза.

Агенцијата „Нордик визитор“ нуди пакети за Исланд, со ко�� се опфатени посети на „Сина лагуна“, базени со зовриена кал и во зависност од сезоната, се гледа или северната светлина (зима) или сонцето на полноќ (лето).
(Си-Ен-Би-Си)

Земја на чудата

Идитарод, Алјаска, САД


Алјаска е зимската земја на чудата, земја на дивините и глечерите, како што не' потсетува Сара Пејлин во последните неколку години. Еден од највозбудливите настани е трката со кучиња што влечат санки во Идитарод. Трката е долга над 1.000 километри, од Анхориџ до Ном, и минува низ најтешкиот терен на Северна Америка. Тогаш, како се следи таква трка? Агенцијата „Алјаска турс“ нуди од петдневни до 13-дневни пакет-аранжмани со кои е опфатено патување по копно и со авион за да се следи трката, како и разгледување на планината Мекинли, посета на кучкарник и можност да возите санка што ја влечат кучиња. Или, пак, можете директно да се упатите на финишот во Ном, каде што забавата почнува една недела пред трката.


#
Статијата е прочитана 812 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Верските поглавари против хомобракови
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (18)
Парното поскапе, од струјата се спасивме
Клуч на врата за загадувачите
Огледалце мое, Најпопуларен кој е?!
Насловна
Патриотите на Груевски биле за Северна Македонија
Масакр врз женскиот пол
Нова љубовна врска со српски бизнисмен
Кутрите промотори
Застрашувачкото кралство на габите
Пониски камати - новогодишна честитка од банките
Политичарите - богаташи или бедници
Замина македонската Делфина, Атина Бојаџи
Карикатура
Стил
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks