Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Економија

Фуере: Владата да го реши проблемот со невработеноста

Намалувањето на буџетските средства за нови работни места е поразително за економијата, се наведува во извештајот на ЕК

Маја Томиќ


Невработеноста останува главен проблем за кој Владата треба да бара решенија, но поддршката што им ја дава на малите и на средните претпријатија за да можат да отвораат работни места, сепак, е недоволна. Секоја година се намалуваат средствата за помош на фирмите за вработување, односно за отворање нови работни места. Со новиот буџет, пак, овие средства уште повеќе се намалени, со што ќе се обесхрабрат дополнително младите лица што се без работа. Тоа е поразително за секоја економија.

На оваа забелешка, дадена во извештајот на ЕК, укажа вчера евроамбасадорот Ерван Фуере, на годишното Собрание на Европската бизнис-асоцијација, ЕБА.

„Земете го добриот пример со Словенија, каде што малите и средните фирми се поттикнуваат од државата со разни мерки и тие апсорбираат најголем процент од вработените. Факт е дека единствено овој сектор може да придонесе за намалување на високата стапка на невработеност во Македонија, која е над 30 отсто и е највисока во Европа“, потенцира Фуере и посочи дека Владата треба да му обрне поголемо внимание на овој проблем, и да не го амортизира високиот процент на невработени преку зголемувањето на вработувањата во јавниот сектор и одобрувањето на работењето во неформалниот сектор.

„Не е добро што за в година се предвидуваат помалку средства за активните политики на пазарот на трудот. Пред државата стојат големи предизвици за да се справи со проблемот со невработеноста. Но, таа има капацитет и треба да се зафати со работа на тоа поле, заедно со деловната заедница“, препорача Фуере.

Министерот за економија, Фатмир Бесими, укажа дека деловните субјекти заедно со Владата имаат активен пристап во носењето одлуки во насока на подобрување на бизнис-климата. Тоа е со цел да се приближи бизнисот до европските пазари и да се привлечат што повеќе странски инвестиции.

Вицепремиерот Владимир Пешевски потсети на три клучни реформи што досега се спровеле како резултат на меѓусебната соработка меѓу ЕБА и Владата. Тоа се регулаторната гилотина, антикризните мерки и намалувањето на казните за фирмите.

Според претседателот на ЕБА, Гинтер Офнер, ЕУ треба да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон Европа, а ЕБА ќе го продолжи дијалогот со Владата за да се подобрат условите за бизнис и на тој начин да се креираат нови работни места.

„Во иднина треба да се концентрираме на подобрување на судството и на општата рамка во која функционира бизнисот, со цел да се зголемат растот и инвестициите“, изјави Офнер.


#
Статијата е прочитана 1430 пати.

Испрати коментар

Од: Filip
Датум: 13.11.2010 15:34:01
Dilomirav pedagoski vo Mk cekav tri godini ni aber za rabota nekade, bilo kade, so napraviv izvadiv BG Drzavjanstvo polagav eden ispit i vednas mi dadoa rabota vo Sofija, sega sum vo Sofija i zemam plata 450 evra.So da pravam ke umram dodeka cekam ovie banditi ovde da me opravat vo zivotot.
Од: Odi si doma !
Датум: 13.11.2010 16:04:16
I ova li e uslov za vo EU? Idi Mr.Fuere doma i ne se vrakaj dodeka ne se izbricis za da licis na golobradite momcinja na Robertson! Inaku ovoj FUere ni voda ne moza da mu nosi na "onoj" Le Roa. Toj bese ambasador a ovoj se odnesuva kako guverner!
Од: Zoran Bogatinov
Датум: 13.11.2010 21:15:02
E ovoj Hofner izleze pogolem Makedonec od mnogu makedonci kaj nas koi seuste se vikaat makedoncinja. Ucete kako treba da se bran zemjata
Од: nikola
Датум: 14.11.2010 00:07:52
sirot ti koj te prati vamu i kaj ti bese pametot da dojdes ovde. a mozebi i ti tolku vredis. kako inaku da gi svatam tvoite govori koga ni ti sam neznaes sto sakas da kazes. barem ednas pred da si zamines kazi nesto na seljacki da te razbere sekoj. I ti izgleda ne mozes da svatis kade si i koga ke si zamines od ovde ke si zamines so 20 godini unazaduvanje vo tvojot razvoj. ni ti nas ne razbra nitu pak nie tebe te razbravme.si zaminuvas bez da doznaeme sto sakase da kazes. Gospodine Fuere ili ne sakas da kazes ili si tolku prost sto neznaes da kazes . dali ne ti se cini i tebe deka celo vreme fantaziras . a ako imas da kazes nesto a ne go kaza togas i ti si mlakonja a i licis taka.
Од: Миле - Охрид
Датум: 14.11.2010 10:20:22
Секоја сугестија на Фуере ја примаме со сомнеж заради неговата негаторска активност кон Македонците. Се` си мислиме дека препораките кои ги дава се со цел за додестабилизација на Македонија, како би прифатила промена на името, и одстранување на последното обележје које ги поврзува Македонците со нивната држава. Со тоа би се отстранила и последната причина за постоење на Македонија. Зато мислиме дека не советува да одиме во погрешна насока. Изгубена е довербата во него.

Најди! во Утрински
Економија
Министри, извадете ги налозите од фиока
Економијата да застане на нозе со заштеди и ММФ
Намалени камати до еден процент
Расте бројот на блокирани сметки
Јавниот сектор подраг од сопствен бизнис
„Оне“ ги откупи акциите на „Он-нет“
Намален економскиот раст






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry