Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Економија

Министри, извадете ги налозите од фиока

Од ССК предупредија дека ако државата не се раздолжи до крај, јавно ќе ги прозват министрите што не враќаат долгови

Соња Маџовска

Министрите вчера добија писма од бизнис-заедницата да ги извадат сите неплатени налози што им стојат во фиоките и да ги предадат во Министерството за финансии за конечно да се раздолжат со фирмите. Кои се непослушните министри кои речиси по два месеца не одговараат на повиците да ги испратат фактурите?

Стопанственицит�� порачуваат дека не смее да запре процесот на исплата, кој по една година застој, конечно, се помести од мртва точка, а толку бомбастично го најави минатата недела и министерот за финансии, Зоран Ставрески. Од Сојузот на стопански комори предупредуваат дека доколку не се заокружи наплатата на побарувањата во најбрзо време, јавно ќе ги прозват министрите што молчат и не ги враќаат долговите. Сепак, никој не открива за колкава сума станува збор, односно колку му е вратено и уште колку државата му должи на стопанството.

„Им испративме писма на сите министри дека мора да си ги намират долговите кон стопанството и да проверат дали имаат ненаплатени налози. Доколку не го сторат тоа во најбрзо време, јавно на прес-конференција ќе ги повикаме со име и презиме кои се тие што не ги сервисираат обврските спрема фирмите. А јавно на крајот од секој месец кога фирмите извршуваат уплата по основа на ДДВ, ќе соопштуваме колку уплатиле, а колку побаруваат поврат. На оваа операција за расчистување на долговите заедно со неколку министри работиме веќе еден и пол месец и не смее да запре тој процес“, откри вчера за „Утрински весник“ претседателот на ССК, Златко Калеников.

Тој истакна дека стопанствениците се задоволни од тоа што Владата, конечно, почна да ги расчистува долговите што ги заглавија фирмите оваа година во лавиринт во кој секој секому должеше. Владата им должеше на фирмите, а тие меѓу себе ги трупаа долговите, а доцнеа и со исплатата на обврските кон банките. Бизнис-заедницата порачува дека ова не смее да се повтори. И од ССК и од Министерството за финансии потврдуваат дека повратот на ДДВ добро оди, барем така беше минатиот месец, но дека се' уште стојат некои стари долгови во министерствата за завршени работи од страна на фирмите. Владата си го поставила 1 ноември како рок за исплата.

ССК спровела и анкета меѓу фирмите за да се уверат како оди наплатата. Опфатени биле 60 отсто од нивните членки, а од нив 80 отсто потврдиле дека Владата им ги вратила долговите, а 20 отсто се пожалиле дека има некои министерства кои се' уште им должат за одамна завршени работи. Во меѓувреме, се знае дека Министерството за внатрешни работи расчистило со долговите спрема фирмите.

Се поставува прашањето зошто мораше да се чека да поминат толку месеци во кои сите се испозаглавија до гуша и од каде власта најде пари?

Од Министерството за финансии не откриваат колкав бил долгот и кои се непослушните министри. Само соопштуваат дека исплатата е резултат на доброто полнење на буџетот. „Веќе три месеци едноподруго приходите во буџетот се поголеми од проектираните. Цел квартал приходите по основа на ДДВ го натфрлаат планираното со буџетот за оваа година, податок што особено радува, бидејќи ДДВ е главен репрезент на вкупната економска активност во земјата. Значи, подобрена е економската активност, а со тоа и ликвидноста во економијата. Фирмите уредно ги намируваат своите обврски кон државата, што овозможува и државата, без застои да ги исплаќа своите обврски спрема стопанството. Определба на Министерството за финансии и на оваа Влада е редовно и уредно да ги сервисира обврските кон стопанството, на тој начин одржувајќи ја ликвидноста во економијата“, изјавија вчера од Кабинетот на министерот за финансии. Инаку, Ставрески неодамна ја кажа само официјалната бројка за вкупните расходи во буџетот, според кои заклучно со ноември државата намирила во маса на пари околу сто милијарди денари по основа на поврат на ДДВ и на достасани фактури за фирмите во Македонија.

Од Стопанската комора на Македонија, пак, велат дека дури кон крајот на месецов ќе можат да кажат дали нивните членки се задоволни со исплатата на долговите од страна на државата, бидејќи моментно спроведуваат анкета. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 4018 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 13.11.2010 12:09:44
Зошто ги молите испратетеим ИЗВРШИТЕЛИ.
Од: Od "eptem" zabegan
Датум: 13.11.2010 16:27:01
E..pa moze zabegan i izvrsiteli ama ako drzavata ima trasankciona smetka ...??
Од: Karpos
Датум: 13.11.2010 20:53:20
Ne razbiram vo sto e problemot, ako rabotata e cista, odnosno ako fakturite ne se isplateni po rokot na dospevanje, povedete si sudska postapka, i vo toj slucaj em ke si go naplatite pobaruvanjeto em ke si naplatite i kamata za zadocneto plakanje. Zoshto mora da se angazira komorata vo biznis relaciite na kompaniite? Dokolku pak nekoj rabotel "na zimi majka" ke ti bide plateno, bez potpisani dogovori, e togas gospod neka vi e na pomos, ni komora ne ve spasuva nitu papata.

Најди! во Утрински
Економија
Фуере
Економијата да застане на нозе со заштеди и ММФ
Намалени камати до еден процент
Расте бројот на блокирани сметки
Јавниот сектор подраг од сопствен бизнис
„Оне“ ги откупи акциите на „Он-нет“
Намален економскиот раст
 


'Wrong answers' on Kosovo could block Serbia's EU candidacy
Ally threatens to abandon Borisov over praise of Zhivkov
EPP president criticises commission's report on Albania