|
Кели Престон
Скиентологијата ми го спаси животот
Додека на некои косата им се крева од скиентологијата и нејзините принципи, 48-годишната актерка Кели Престон во своето последно интервју признава дека таа и' го спасила животот.
По трагичната загуба на синот Џет, пред две години, Кели и нејзиниот сопруг Џон Траволта се повлекоа во осама со блиските членови на семејството и пријателите и се обидуваа на сите начини да си ја ублажат болката. Светлина во мракот беше раѓањето на третото дете, синот Бенџамин, кој дојде на свет во ноември минатата година.
„Бенџамин беше голема утеха, но најмногу ни помогна скиентолошкиот центар. Не знам дали ќе преживеев без нивните совети и помош“, вели Престон, додавајќи дека во животот најдрага и' е улогата на мајка.
„Откако знам за себе, посакував да имам деца. И кога заработував илјадници долари за снимање реклами, чував деца на час, зашто го сакав тоа“, открива актерката, која пораснала на Хаваите во еден вид хипи-заедница.
„Имав многу либерално детство. Марихуаната во моето семејство не се сметаше за тешка дрога. Денес веќе не пијам, не пушам, а сето тоа го правев. Скиентологијата ме ослободи од сите пороци“, тврди Кели. |
#
|
Статијата е прочитана 1871 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Се е перење на мозок |
Датум: 19.08.2011 08:30:53 |
|
Внимавајте што објавувате. Овие скиентолошки секташки групи демнат и кај нас. Се приближуваат до граѓаните преку бесплатни стрес тестови. А тие се, колку што сум упатена јас, едни од поголемите зла во денешницава! http://365.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1581&Itemid=2 Поздрав |
|
|
|
|
|
|
Од: Makedoks shto zivee vo Nov Zeland |
Датум: 19.08.2011 10:46:34 |
|
Se soglasuvam so "se e perenje na mozok". Pazete se od ovaa religiozna sekta. Otvorete si gi ocite pred da im ja otvorite shirum vratata na ovie vonzemjanini i zaedno trgnete kon patot od koj nema shansi da se vratite nazad. Pozdravi |
|
|
|
|
|
|
Од: Perius |
Датум: 19.08.2011 11:57:45 |
|
Navistina, treba da vnimavate sto objavuvate! Naslovot od tipot: 'mi go spasi zivotot', ja predstavuvaa ovaa nenormalna organizacija kako nebare taa da e lek. Organizacijata e ekonomski formirana, zaradi perenje na pari, se razbira osnovnata dejnost i e perenje na mozoci. Moj sovet: voopsto i nema potreba da se popularizira i na toj nacin da se stvara uste pogolema fama okolu nea. Nekoi zemji ja proteraa od svoite teritorii, kaj nas kako so gleam zema zamav, a nadleznite spijat. Ako ne se prevzeme nesto, ima golemi izgledi za usheh na ova dvizenje na makedonskoto tlo. :( |
|
|
|
|
|
|
Од: Mila |
Датум: 19.08.2011 21:53:59 |
|
Навистина ми е смешно кога луѓето коментираат за работи кои не им се познати. Бев, видов, посетував и предавања и курсеви и никој не ме фати за врат да продолжам да одам, ако не сакам. Фамата околу скиентологијата ја измисли црквата затоа што им бегаат верниците, а со тоа и парите. Има вистина околу тоа дека големи пари се вртат и дека не е се така чисто како што се прикажуваат, но дека е толку опасна, ама баш апсолутно нема никаква врска. А може и да ви го спаси животот, навистина. |
|
|
|
|
|