Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

„Вистинска нула“ на „Оне“

Понудата „Вистинска нула“ на мобилниот оператор „Оне“ од вчера можат да ја користат и припејд-корисниците. Со дополнување на сметката над 250 денари, припејд корисниците ќе може да разговараат за 0 денари кон мрежата на „Оне“ за период од 30 дена од денот на дополнувањето. Понудата вклучува и користење на 400 минути, кои, исто така, треба да се искористат за период од 30 дена.

„Со секое дополнување може да зборувате за 0 денари, а 250 денари кредит да ги користите за зборување кон другите национални и мобилни мрежи“, објави вчера директорот за продажба во компанијата, Дејан Милевски. Од пред три дена истата понуда важи и за новите претплатници од постпејд мобилната телефонија. „Оне“ ја продолжува и понудата „Шест месеци бесплатна претплата“, која требаше да заврши на 1 септември, што значи дека без никаква претплата во следните шест месеци постпејд-корисниците на „Оне“ ќе може да зборуваат кон останатите национални и мобилни мрежи. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 1220 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 16.09.2010 15:01:02
Каква е таа „нула“ кога плаќаш 250 денари месечно??? И не е бесконечно време на разговор , ами 400 минути ...Во странство за вакви лажни реклами се одговара и тоа дебело!!!

Најди! во Утрински
Економија
Над 400 милиони евра стојат замрзнати во НБМ
Се фаќа приклучок кон ЈУ-железницата
Шефот на „Дојче телеком“ ќе одговара за корупција во Македонија
Владата го ослободи увозот на брашно
Инвеститорите го повлекуваат капиталот
Може да се воведе мобилен виртуелен мрежен оператор
Сменето раководството на ОКТА