Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Се фаќа приклучок кон ЈУ-железницата

Откако претходно не и' придаваа големо значење, македонските власти сега се обидуваат да фатат приклучок кон заедничката ЈУ-железница.

„Вчера, конечно, се завршени преговорите и, колку што дознав, во рок од еден месец треба да се потпише договор за ’Македонски железници‘ да стане дел од алијансата ’Карго 10‘“, изјави премиерот Никола Груевски.

„Би сакал да истакнам дека ова добро се заврши, како што посакувавме. По извесен период на преговори, МЖ беше поканета да влезе во оваа група, така што тоа ќе биде придобивка за нашите железници и влегуваме во една група што има сериозни заеднички проекти за движење напред на железниците од овој регион“, рече Груевски.

Како што вчера пренесе Хина, „Хрватски железници“ во вторник попладне издала соопштение во кое се наведува дека според потпишаното и договореното во Белград, во Загреб бил одржан состанок на претставниците на идната алијанса „Карго 10“.

На состанокот присуствувале ХЖ „Карго“, „Словенечки железници“, „Железница на Србија“, „Железница на Република Српска“, а прв пат учествуваше и претставник на „Македонски железници-Транспорт“, директорот Оливер Дерковски, кој изрази желба и македонската компанија да се вклучи во алијансата „Карго 10“.

На состанокот била донесена одлука дека се прифаќа пристапувањето на „Македонски железници“ кон Алијансата, што е во согласност со договорот од Опатија, кој беше потпишан оваа пролет, а договорот за приклучувањето ќе се потпише, најверојатно, пред поаѓањето на првиот воз на алијансата што, според планираното, треба да се случи во почетокот од октомври.

Во соопштението на „Хрватски железници“ се додава дека на состанокот во Загреб било нагласено дека групата е отворена за нови членки, кои ќе можат да се приклучат по склучувањето договор за пристапување.

Основа цел на алијансата и на новата железничка компанија ќе биде оптимизацијата на деловниот процес во организација на товарниот железнички сообраќај. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 695 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 16.09.2010 16:56:30
Претходно,кога се здружија Словенечката,Хрватската и Српската Железница,приказната што ја рашири власта беше,дека ние Гордо сме ги одбиле!Не дека (познавајќи ги приликите) нè Прескокнале!А како да не нè прескокнат?!Сите три држави имаат по два колосека со цел воведување брзи возови!Погледнете во нашине!Страв да ви е да влезете во нив,а камо ли да се возите некаде!За нечистотијата,да не зборувам!Како во преполн контејнер да сте влегле,а не во воз!Интернационалните возови,одамна се трудат воопшто и да не застануваат на станиците низ Македонија!Со што ќе им се приклучиме?!Со срамот?Немаме ниту срам!Бруки!

Најди! во Утрински
Економија
Над 400 милиони евра стојат замрзнати во НБМ
Шефот на „Дојче телеком“ ќе одговара за корупција во Македонија
Владата го ослободи увозот на брашно
Инвеститорите го повлекуваат капиталот
Може да се воведе мобилен виртуелен мрежен оператор
„Вистинска нула“ на „Оне“
Сменето раководството на ОКТА






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe