Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Може да се воведе мобилен виртуелен мрежен оператор

Министерството за транспорт ќе упати повик до странските мобилни оператори

Отворена е можноста за воведување мобилен виртуелен мрежен оператор на македонскиот телекомуникациски пазар, информираше вчера министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Министерството за транспорт и врски ќе упати повик до мобилните оператори во странските држави, како и допис до меѓународните гласила за да се огласат на поканата за работење на македонскиот пазар како мобилен виртуелен оператор. Со воведувањето на можноста за мобилен виртуелен оператор, секоја заинтересирана компанија ќе може да ги користи услугите од веќе постојните оператори. Тоа значи дека не мора да гради сопствена мрежа, туку ќе работи со приклучување на веќе поставена мрежа со склучување договор за пристап и користење на мрежните ресурси, како и договори за интерконекција со постојните мобилни мрежни оператори.

Министерот Јанакиески појасни дека виртуелниот оператор може да издава свои СИМ-картички, да поседува сопствен мобилен мрежен код, мобилен комутациски центар, да склучува договори за користење интернационален роаминг за своите претплатници, да менаџира со доделени серија броеви, како и да обезбедува услуги што ќе се продаваат под негов сопствен бренд.

Според него, работењето на ваков оператор ќе придонесе за нови маркетинг-услуги на пазарот, дополнително стимулирање на странски и на домашни инвестиции и можност за влез на странски мрежни оператори.

Мобилни виртуелни мрежни оператори функционираат во повеќе земји, меѓу кои и Германија, Холандија, Франција, Данска, Велика Британија, Финска, Белгија, Португалија, Австралија и САД.

Анализите на Агенцијата за електронски комуникации покажуваат можност за работа на телекомуникацискиот пазар на различни модели на мобилен виртуелен оператор, односно основен, целосен и делумен.

Министерот за транспорт и врски најави дека следен чекор што ќе го преземе Агенцијата за електронски комуникации за подобрување на состојбите на телекомуникацискиот пазар ќе биде намалување на цената на СМС, што се очекува да се случи најдоцна до крајот на годинава. Заклучно со таа активност, Министерството за транспорт и врски ќе ги заокружи предвидените активности за подобрување и модернизација на состојбите во електронските комуникации за оваа година.


#
Статијата е прочитана 510 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Економија
Над 400 милиони евра стојат замрзнати во НБМ
Се фаќа приклучок кон ЈУ-железницата
Шефот на „Дојче телеком“ ќе одговара за корупција во Македонија
Владата го ослободи увозот на брашно
Инвеститорите го повлекуваат капиталот
„Вистинска нула“ на „Оне“
Сменето раководството на ОКТА