Пристапно предавање на Перовиќ во МАНУ
Во Македонската академија на науките и уметностите, напладне, пристапно предавање ќе одржи Сретен Перовиќ, по повод неговиот избор за член на МАНУ надвор од работниот состав. Предавањето на академик Перовиќ е на тема: „Владимир и Косара - меѓу историјата и легендата“.
Собирот во Академијата ќе го отвори академик Влада Урошевиќ, секретар на Одделението за уметност, а стихови од Сретен Перовиќ ќе интерпретира актерот Никола Ристановски. (Н.П.) |