Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Климентовата награда требаше да ја добијам порано

Академик Томе Серафимовски смета дека наградата ја имаат добиено личности што не ја заслужиле

Вчера во центарот на Скопје беше откриен споменик на св. Климент Охридски, поставен на истоимениот булевар, во непосредна близина на истоимената црква, дело на скулпторот академик Томе Серафимовски, кој е и годинешен добитник на Светиклиментовата награда.

Серафимовски завчера во НУБ „Св. Климент Охридски“ каде што скулптурата е поставена во гипс, се осврна на наградата потенцирајќи дека нејзиниот наслов многу го весели, но дека не е воодушевен со нејзиното доделување.

„Долго размислував дали да дадам согласност за поддршка да бидам предложен и да ја примам оваа награда, затоа што сметам дека ја имаат добиено личности што ни оддалеку ја немаат заслужено, ја добиле 10-15 години пред мене, а јас точно 40 години работам преродба и духовност во Македонија. Пред 23 години открив споменик висок шест метри на светите браќа Кирил и Методиј покрај прекрасното Охридско Езеро, во центарот на Белград открив целосно нов нивни споменик, кој е речиси 80 см помал од охридскиот, но голем 5 метри. Пред 40 години, во центарот на Тетово го открив споменикот на Кирил Пејчиновиќ. Работев духовност и преродба точно 40 години и сега на возраст од 76 години ја добивам Климентовата награда, која, веројатно, требаше да ја добијам многу порано, во 80-тите години на минатиот век кога можеби сум бил во центарот на моите преродбенички и духовни ангажмани.

Но сеедно, Божјата волја сакаше вистината да не ме промаши и кога-тогаш, да дојде таа награда и ја примам со задоволство поради тоа што го носи големото име, инаку..!“

Серафимовски ја изработувал скулптурата една година. За него св. Климент претставува посебна инспирација. „Тој е инспирација не само за ликовните уметници, туку и за музичарите, за писателите, поетите“, рече академикот. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 601 пати.

Испрати коментар

Од: intelekt
Датум: 09.12.2010 14:07:32
auuuu od ovoj derman da se nemalo..kogo ovoj covek podkupuva?!!zarem tolku vredat ovie (ne)dela?!strasno odvratni se!
Од: skopjanka
Датум: 09.12.2010 18:09:48
Egoistu! Do koga sam ke se falis? Preku glava ni e od tvoite "prekrasni" dela. Do koga ke te opomenuvam da ja trgnes onaa noga sproti Muzejot na grad Skopje koja im gi iskrsi glavite na visokite momcinja! Ima pravilo kako se postavuvaat skulpturite, prasaj ako ne znaes, a vprocen i ne ti e jasno od samobendisanosta.
Од: eden
Датум: 09.12.2010 18:39:29
Neka ne kazuva mnogu ovoj......Ushte ke treba da slushame deka trebalo i da go zamolat........ od odborot za dodeluvanje na nagradata slushnav deka lichno im se javuval na lugeto i gi kanel na sostanok ......koe bezobrazie, koja lakrdija, koja hipokrizija........Zasrami se Tome........treba da ti ja preispitaat titulata.....treba da nauchish da modelirash ......pogledni ja desnata raka od Kliment........uchenici od UPU znaat podobro da izmodeliraat....znaesh li shto e proporcija.......prestani da reketirash i da frlash magla........i vrapchinjata znaat kako igrash.......Cela Mkd ti se smee........
Од: Чегране
Датум: 09.12.2010 21:28:44
Изгледа дека требаше да дојде на власт оваа гарнитура за да му биде вреднован трудот на академикот.
Од: iselenik
Датум: 09.12.2010 22:56:46
ne go znam covekov, znaci nemam predrasudi pogotovo zatoa sto i ne ziveam vo mk od svojata 18ta. Nekoi od delata mu gi znam. Ne mi se grdi. Go pretstavuvaat kako umetnik i akademik? Kako moze eden akademik da si dozvoli vo govorot za primanje na nagrada da zboruva za toa deka drugite sto ja dobile ne ja zasluzuva!!!!!! Moze covek kako covek da iskaze zalenje sto toj licno ne ja dobil porano no itoa podocna vo intervju ili slicno no da OGOVARA vo govor na primanje nagrada ! Sigurno ne oddava vpecatok na KULTUREN rabotnik a uste pomalku akademik so mali bukvi. Tazno

Најди! во Утрински
Култура
Кога антихероите имаат последен збор
Чехов - од денешен агол
Акционен шпион што се жртвува за љубовта
Сликарот Јордан Манасијески награден во Париз
Наставник воведувал ред со линијар
Пристапно предавање на Перовиќ во МАНУ
Стогодишнина од раѓањето на Абаџиев
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud