Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
3462

Си велам

Имаме ли претседател

Ерол Ризаов

Ѓорге Иванов се откажа од позицијата претседател на сите граѓани

Претседателот Ѓорге Иванов успешно ја одработува својата мисија да докаже дека на Македонија не и' треба шеф на државата.

Ако внимателно го слушате премиерот Никола Груевски и ги следите неговите изјави, мошне лесно ќе откриете дека претседателот не ни соопштува ништо поразлично. Тоа е конечниот производ на партиското единство меѓу извршната, законодавната, судската власт и институцијата претседател на државата. Кога сите овие четири власти што ги сочинуваат главните конститутивни столбови на државата мислат, зборуваат и одлучуваат исто во меѓусебен договор и координација, тоа во Македонија се вика обединување. А во демократскиот свет тоа се вика едноумие. Македонија влегува во зенитот на политичка криза поради целосно запрениот развој на демократските процеси во изминатите четири години. Нашата демократија е формална. Лажната слика дека има некаков плурализам се создава од неколкуте медиуми и невладини организации кои се' уште ги согледуваат злоупотребите и грешките на власта. Сите тие од поодамна се прогласени за предавници и непријатели. Изложени се на жесток економски, политички и полициски притисок.

Привид создава и парламентот каде што нема ни милиметар измена на волјата на извршната власт иако опозицијата внесува нови елем��нти на политичка и демократска борба, исмевајќи ги грешките на Владата. А организира и големи митинзи и маршеви. Волшебните зборови единство и обединување прават чуда на политичката сцена во руралните и незрели демократии, затварајќи ги вратите на различното мислење.

Во еден ваков амбиент, претседателот на државата, Ѓорге Иванов, прв ни ја честита Новата 2011 година во традиционалното новогодишно обраќање. Тој самиот ја омаловажи и деградира институцијата претседател на државата, преселувајќи ја во помошен извршен орган на Владата под нивото на министер без портфељ. Ѓорге Иванов, дефинитивно, се откажа од уставната позиција да биде претседател на сите граѓани на Македонија. Тој ја избра заветрината на ВМРО-ДПМНЕ. Таму се чувствува најкомотно и најбезбедно. Претседателот на Република Македонија не се изјаснува за најкрупните прашања што го потресуваат општеството иако тоа му е должност и работна обврска. А за она што се изјаснува редовно по својот став оди во Владата кај премиерот Никола Груевски. Тоа е единство и обединување.

Тоа во дневнополитичката практика на власта изгледа вака: и претседателот и премиерот се истомисленици дека Македонија постигнува извонредни резултати во економските и во политичките реформи. Успешно се одвиваат евроатлантските интеграции на Македонија. Нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО. Прифаќаме заемно компромисно решение со Грција. Не прифаќаме промена на името што засега во македонскиот идентитет, во македонскиот јазик и во Уставот на Македонија. Сите обврски да ги почнеме преговорите со ЕУ и да станеме членка на НАТО се завршени. Се' што е до нас е готово и стокмено. Само Грција и грчките политичари не' кочат. Во тоа им помага домашната петта колона. Странците и големите сили ги подмитува Грција и затоа не ни се наклонети. Додека Иванов и Груевски се претседател и премиер на Македонија, ќе го зачуваме националниот идентитет и јазикот.

Ако ова се преведе на обичен разбирлив македонски јазик, тогаш станува многу појасно дека економските и политичките реформи во Македонија воопшто не го подобрија стандардот на живеење на граѓаните во изминатите четири години. Тоа го потврдуваат и статистичките показатели, а уште посилно животот и нашето мачно секојдневје. Безработицата и сиромаштијата и натаму се најголеми во Македонија споредени со цела Европа. Тоа значи нема реформи. Или, во најмала рака, тие се неуспешни и не се однесуваат на квалитетот на животот на граѓаните. Како живеат граѓаните е основното мерило на успешноста во владеењето на една власт. Вистина е дека нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, ама вистина е и тоа дека шест години сме кандидат за ЕУ без почнување преговори. Шест години стоиме во место. Вистина е дека Грција не' блокира. Но, не е вистина дека за нашата позиција во ЕУ и во НАТО се виновни само Грците и странците. Македонските позиции во преговорите секоја година се послаби и послаби и поради наши грешки. Вистина е и дека се' повеќе ги губиме пријателите и поддржувачите во светот по сопствена вина. Последни најилустративни примери за тоа беше настапот на Влатко Ѓочев во Европскиот парламент и неговите вчудовидувачки навреди на европскиот амбасадор во Македонија, Ерван Фуере. Уште попоучен беше јавниот настап на двајца осведочени македонски пријатели, Словенците Јелко Кацин и Звонко Талер. Засега и власта и нејзините медиумски чувари молчат за добронамерната лекција што ни ја одржаа нашите главни словенечки поддржувачи во Брисел. Јас црвенеев како и голем број граѓани на Македонија кога тие зборуваа одмерено со висока политичка култура за грешките на нашите политички лидери и водачи. Гледам претседателот на државата не го засега тоа. Тој и премиерот се убедени дека се безгрешни. Виновни се само Грците. Повремено, според дневните потреби, виновни се и Албанците, Бугарите, Србите.... Власите, Турците со векови, странците, домашните непријатели и опозицијата.

Треба да се обрне внимание во новогодишниот говор на претседателот Ѓорге Иванов не само тоа што го кажува, туку она што го премолчува, а треба да се подразбере. Кога претседателот Иванов вели дека македонскиот државен врв, како никогаш досега, има јасен став за интензивирање на македонско-грчкиот дијалог и трагање по заемно прифатливо компромисно решение, кое мора да биде во рамките на Резолуцијата 817 на ОН од 1993 година, тоа по нашки значи не прифаќаме промена на името на Р. Македонија само дома. А за целиот свет сме подготвени да го смениме името како ќе се договориме со Грците. Малку срамежливо и кришум, ама јасно за тие што знаат да читаат меѓу редови. Порано викавме Грција нека не' вика како што сака, ама целиот свет да не' вика Р. Македонија. Гледам, лека-полека, државниот ни врв го изедначува ставот за името на државата со непријателите и разните соросоиди. Ќе биде многу интересно кога целосно ќе се изедначат во ставовите за името.

Една мала сугестија до претседателот на државата, Иванов. Велите додека сте вие претседател нема да дозволите засегање во македонскиот национален идентитет и јазикот. Претседателе, низ целата повеќевековна историја имало долги периоди кога Македонија немала ниту држава, ниту претседатели, ниту премиери, ниту парламент, ниту цареви и кралеви, па никој не успеал да им го загрози идентитетот, јазикот и верата на Македонците. Народот знаел како се чува националното самочувство и јазикот. Бидете убедени дека тоа ќе го направи и сега со Вас или без Вас.


#
Статијата е прочитана 2142 пати.

Испрати коментар

Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 17.12.2010 12:09:00
Maestralno, kako i sekogas :)
Од: b
Датум: 17.12.2010 12:21:51
Диобар текст. Ке беше и одличен да го немаше последниот пасус со сугестијата до Претседателот. Таа е од повеќе и беззначајна. Неа Претседателот никогаш нема да ја свати, да ја разбере. За тоа сеуште не пораснал!
Од: Od Hunzite
Датум: 17.12.2010 12:24:51
Ne se sekiraj g-dine Erol. Od godina novogosino obracanje kon nacijata ce ima Negovoto Velicestvo Ganzafer Ali Kan Paljurski i toa direktno od negovite sarai od Paljurci.Obracanjeto ce bide na jazikot koi go upotrebuvaat Hunzite, ama nee tesko ce go razbereme , bidejci e mnogu slicen na nasiot a i tie se nasi braca.
Од: mene
Датум: 17.12.2010 12:38:32
Ероле, Изгледа и тебе ти удри во глава “минтингашката атмосфера“. И сам знаеш што таа донесе во едно не многу далечно минато.
Од: забеган.
Датум: 17.12.2010 12:42:01
Имаме како немаме Претседател.Штое е Иванов?.Иако Грујо знаеше дека Иванов е Соросоид го зафркна.Треба да си поставеш друго прашајне дали во Владата има прави Македонци.
Од: један Македонац
Датум: 17.12.2010 12:42:33
После Борис Трајковски, Република Македонија и немаше ниту еден претседател...... Вистински претседател мислам.
Од: љубица
Датум: 17.12.2010 12:58:51
Г-не Ерол ....ако не постоеше едноумието кај 4-те власти ,тогаш ќе пишувавте дека ни сами не можат да се договорат ....па каква би ни била дипломатијата тогаш? Наведовте дека ви пречи и тоа што претседателот премолчува ,па дали треба да зема урнек од претседателствувањето на Б.Ц и да зборува ,,колку да не молчи,, ? Ја почитувам сечија политичка ориентација,но аргументите погоре-наведени за ,,едноумието и едногласноста ,, ,едноставно не држат место.
Од: zoro
Датум: 17.12.2010 13:22:36
"Македонија немала ниту држава, ниту претседатели, ниту премиери, ниту парламент, ниту цареви и кралеви, па никој не успеал да им го загрози идентитетот, јазикот и верата на Македонците." Вистина, но македонија никогаш не била поделена на северна или јужна, и како таква дали под турците дали под србите дали под бигарите или грците, засекогаш била и останала Македонија а народот македонски. Јас сум длабоко уверен дека доколку уште утре, ако парламентот донесе одлука за промена на името на државата во Северна Македонија, Грција ќе продолжи да не блокира и понатака се до преименување на нацијата и јазикот. Ова или не му е сеушете јасно на Ерол или е спремен и тоа да го прифати, трето нема. Најверојатно е тоа второто и за жал таквите како Ерол не се малку, но за среќа на вистината сепак се мал процент од вкупната популација!
Од: Јован АН
Датум: 17.12.2010 13:41:09
Тезите на г-динот Ризаов се сосема погрешни и треба да црвенее поради својот став дека промената на името не значи и промена на идентитетот за цел свет.Ние и понатака ќе се чуствуваме и секаде и секогаш (ако се промени името) ќе мораме да докажуваме дека сме Македонци,а не северномакедонци,или славомакедонци,или онака како сакаат јужниве.Инаку секому му е јасно дека Македонија ги исполни одредниците за почеток на преговори за што два пати едноподруго добива препорака за одредување на датум за почеток на преговори.
Од: Внимателен читател
Датум: 17.12.2010 13:52:40
Темата не е името на државата. Темата е имаме ли преседател на државата кој ги застапува сите граѓани.
Од: od Canada
Датум: 17.12.2010 13:54:29
Господине Ризаов, Завршницата од анализата вие мајсторски изведена. Поарно, здравје... Знаете, една Англиска стата поговорка вели: (Претседникот) .. е измерен со кантар и метро.. и е посакуван... Позз од Канада.
Од: Професорка
Датум: 17.12.2010 14:10:42
Имаме Претседател за сликање. Па добро, сите го знаеме притисокот на ДПМНЕ по разни институции и поединци да пишуваат поддршка за Иванов. Тој сега само враќа. Толку од нашата демократаија, а богами и менталитет. Се нема индивидуално мислење, став, доблест и отчетност. Само груб и тотален кариеризам.
Од: ivo
Датум: 17.12.2010 14:19:12
Vo makedonija ima raznorazni grupacii na tvrdokorni makedonci. Edni ja podrazbiraat R.Makedonija kako anticki obedineta, drugi kako duhovno ili kulturno obedineta, treti kako nacionalno obedineta, kako etnicki obedineta, kako jazicno obedineta, kako teritorijalno obedineta, i sl. Drugi grupacii ja podrazbiraaat kako evropski obedineta. Treti ja podrazbiraat kako neobedineta a verojatno ima i takvi sto voopsto ne ja podrazbiraat ili pak ne razbiraat nisto od procesite. Site tie grupacii imaat legitimno pravo da si go vezbaat umot! Ako pretsedatelot i premierot se beskompromisni, ili kompromisni, treba pred se da razjasnat so tvrdokornite i da im go postavat sustinskoto prasanje: Kako mislat Makedonija da e cela , obedineta, otvorena, spoena, prosperitetna itn,itn! Ako tie dvajcata seuste ne go postavile toa prasanje ili neznaat da gi postavat rabotite, eve jas prasuvam?! Kako,i so koe ime, nepokoleblivite patrioti ja zamisluvaat obedinetata, neklaustrofobicnata, otvorenata,....?!
Од: Феличита
Датум: 17.12.2010 14:45:10
Кога ќе сфатите дека единствено нешто што го интересира нашиот претседател е слободен пристап до кујната!
Од: realen
Датум: 17.12.2010 14:57:22
Bravo Erol'. Uste eden super komentar. imas. Ama tesko e na ovie fanatici (bulgarofili) date svatat i razberat. Predsedatelot so ovoj govor pokaza i dokaza deka e samo vosocna figura, marioneta i nisto drugo. Da se napravese ranglista na predsedateli, nasiot sigurno bi go zazemal odlicnoto posledno mesto.
Од: Миле - Охрид
Датум: 17.12.2010 15:11:52
Македонците конечно имаат Председател кој го избраа на легитимни избори со огромно мнозинство. Тој, засега, ги исполнува очекувањата на најголем број Македонци. Додека ,оние кои лажно се претставуваат како Македонци, и останатите заговарачи на идејата за прифаќање на грчките шовинистички уцени, како сеопфатно решение за сите проблеми во државата Македонија, секако дека не се задоволни. А, повикувањето на чувствата како инхерентно право на секој поединец и негово нудење за прифаќање (само за Македонците) како замена на правото на изразување на тоа чувство, е лицемерие и не може да се прифати како добра намера. Ероле , неуморен си во својата намера да не убедиш дека за Македонците е доволно да чувствуваат дека се слободни, а не да ги уживаат сите права како и останатиот свет? Не убедуваш дека не мора да го реализираме тоа свое право. Ќе ни било подобро доколку се самооткажеме од нив. Која е причината што сте толку упорни?
Од: spire
Датум: 17.12.2010 16:43:39
Vi se molam........Koj e Pretsedatel na Makedonija???????????????
Од: gimi
Датум: 17.12.2010 17:03:03
Можеби требаше Фрчковски да го избереме за претседател.Што велите каков претседател би бил тој?Читајте ги мемоарите на Киро Глигоров *Македонија е се што имаме*.Во еден дел тој вели : * Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчковски ми предложи да примам некои соработници од Службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни "колеги" од Грција дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари. *
Од: ina
Датум: 17.12.2010 17:12:16
Sramota sto se pisuvaat vakvi tekstovi ! Nie Makedoncite namestod a se poddrzuvame ,plukame po SE..pa duri i po pretsedatelot.Sramota! So koe pravo se pisuvaat vakvi tekstovi? Nemate nikakva pocit kon nikogo, no toa e odraz na vasata kultura.I posle nemalo demokratija...
Од: karokan "gambit"
Датум: 17.12.2010 18:22:45
G-gjo,g-gjice Ljubica,ako eventualno tekstot ti e podgotovka za maturski ispit,zadolzitelno da go podobris!!! Inaku,so taka sostaven tekst,ne veruvam deka ce ja pomines maturata!! Vistinski i seriozno se obidov da otkrijam sto sakas da kazes,no popusto,ne uspeav!!! Nesto cetiri vlasti,nesto ednoumie,nesto diplomatija (dali i taa e nekakva vlast),nesto ednoumie kaj istite??? Nikako da odgonetnam na sto celis!!!!!!!!!!. So g-dinot b cesto imame isti viduvanja.Ovoj pat ne!Ne se slozuvam deka tekstot e dobar. Vsusnost tekstot,sam po sebe,ne e los,no so nego ne se kazuva nisto novo. Seto toa go znaevme odnapred!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Do Mile Ohrid
Датум: 17.12.2010 18:53:08
Koja e pricinata za tvojata ljubov kon ona ime sto ovoj narod go dobi 1945 godina , i zosto bi bile sovinosticki baranja na juzniotr sosed koj ednostavno si go brani svojot teritorijalen integritet. Mislis li deka sop posduvanje na 51% od teritorijata na mkadonija Grcija nema pravo na imeto Makedonija? Dodavka ne e promena na identitet i ime, a DPMNE toa taka go pretstavuva za da prodolzi da ja pljacka drzavata.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.12.2010 20:48:59
Илузорно е да си преседател на сите гражани од кој еден помал дел што се гледа од приложеното збеснуваат кога некој удира контра на симулационото-ползечко однесување визави името.Инаку читајќи го БИЗНИС откриваме да ово преседател е премија кон оној кој со милиони долари сакал да го поткупува Глигоров за промена името иплус амфориче античко.Феличита читајго г-дин Глигоров или БИЗНИС сеедно.
Од: xy
Датум: 18.12.2010 00:13:33
Полека но сигурно на беаги им се здебелија вратовите,профитирајќи при манипулирањето во споров.Во времето кога ќе се појави ,ако не се и пројавува, ривалството во таа насока,и кога јавно ќе се проговори кој има ексклузивно право на тоа,е тек тогаш на сцена ќе стапат онака вистински олеснувачите.Тихо,нечујно,без галама,преку депешејата на Ашанз,нашите гласноговорници така зашеметени,само ќе климкаат со главата.Народе "направивме" се што можевме.Сега сте вие на ред.А,народот така како што правеше и порано,силно ќе вика.Да живее Македонија!Дали,секогаш така и си ја чувавме.Какви виртуелни црни облаци кружат на небото.Кој знае каде ќе се урне електричното празнење.А избори нигде на повидок.
Од: nacional-patriot
Датум: 18.12.2010 00:47:23
Makedonija vleze vo politicka kriza,poradi zagrozuvanje na demokratijata vo 1994 godina koga parlamentot stana recisi ednopartiski i kako da bese kontinuitet na SKM.Sega ne e idealno,no podobra e demokratijata za razlika od togas.Vo rezolucijata od ON vo 1993 godina ne pisuva deka Makedonija treba da menuva ime,tuku da razgovara za razlikite.Zatoa Ivanov ja spomna,a ovaa vlast nema namera da prifakja nikakva dodavka na imeto na drzavata.Pretsedatelot Ivanov neodamna izjavi deka ne e prifatliva geografska dodavka na imeto na drzavata,bidejki toa avtomatski go zagrozuva identitetot.Zatoa ne se nadevaj Erole i ova trebase da ti bide jasno.Atina nasilno zema 51% od teritorijata na Makedonija vo 1913 g. i zatoa nema pravo na imeto Makedonija.Pred 1988 godina Atina ne go smetase imeto Makedonija za nejzino.Samo Makedoncite so vekovi go imaat imeto Makedonija.
Од: Objektivno gledanje
Датум: 18.12.2010 10:50:07
Ubeden sum deka Dj. Ivanov e cesen covek, no, los politicar. Ako treba da izbiram medju nego i Frcko bez dvoumenje gi glasal za Dj. Ivanov! Veruvam deka so tekot na vremeto sefot na drzavata ke se osvesti za znacenjeto na funkcijata i svojata odgovornost pred gradjanite na Makedonija i postepeno ke zapocne da se osloboduva od stegite na premierot, slicno kako sto toa go napravi B. Trajkovski sprema togasniot premier.

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Љупчо Поповски
Поглед
Сања Наумовска
Мислења
Слободан Најдовски
Мислења
Лазар Еленовски

Џони Деп
Ја изневерил Ванеса со 19-годишна манекенка

Концерт
„Љубојна“ за Свети Никола во МЦМ

 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census