Џони Деп
Ја изневерил Ванеса со 19-годишна манекенка
Иако со години е прогласуван за најпосакуван маж на светот поради својата верност и предаденост на сопругата (иако невенчана) Ванеса Паради, Џони Деп се чинеше дека е недостапен за која било друга жена. Но, ако и' се верува на 19-годишната манекенка Кристен Стивенсон-Пино, сепак, Деп не е такво невино суштество, како што се чини. Имено, убавицата раскажала за американскиот таблоид „Стар“ дека Деп неодамна ја поканил во својата приколка и и' рекол дека е најубавата жена што некогаш ја видел. Таа се согласила и, како што вели, не зажалила.
„Во приколката останавме со часови. Тој е најсовршениот љубовник што можете да го замислите“, открила Кристен. Таа додала дека се шегувала со актерот дека го посакува во комплет со Орландо Блум, но тој, нав��дно, и' одговорил дека ја посакува само за себе. И по аферата, Џони се обидел да контактира со 19-годишната манекенка, но таа го напуштила Лос Анџелес.
Актерот живее во заедница со Ванеса Паради веќе 12 години и имаат две деца, 11-годишната Лили Роз и 8-годишниот Џек. Актерот не одговорил на приказните на дрдорливата манекенка, а таа сега се колне дека секој нејзин збор е вистинит и дури некои нејзини колеги ќе потврдат дека Џони се распрашувал за неа. |