|
|
|
|
|
|
Тивкиот претседател и мудроста - молчењето е злато!
Последното истражување на ИПИС покажа дека Иванов позитивно го доживуваат околу 50 проценти од граѓаните
Оливера Војновска
Претседателот Ѓорге Иванов, кој во изминатиот турбулентен период низ кој минува државата како да изгради култ од молчењето, оставил позитивен впечаток кај речиси половина од македонските граѓани. Така барем покажа последното истражување на јавното мислење на Институтот за политички истражувања (ИПИС), според кое, Иванов како и премиерот Никола Груевски, позитивно ги перцепираат 47 проценти од анкетираните. Сондажата уште покажа дека тивкиот претседател е личноста за која најмал процент од испитаниците искажале негативно мислење - 42, 3 отсто. За сите други што биле посочени во анкетата негативните емоции на граѓаните биле поголеми. Вклучително и Груевски, за кого негативно мислење имале 46,4 отсто од испитаниците.
Иванов ја тера втората година од мандатот и, можеби, поучен од народната мудрост - молчењето злато вреди, досега ниту еднаш не излезе со сопствен став. Туку во сите јавни настапи и во интервјуата што ги даваше ги повторува ставовите на премиерот и на Владата. Во последното годишно обраќање во парламентот самиот кажа дека е свесен за таквите критики во јавноста, но најави дека и во иднина нема да се конфронтира и да ја нарушува кохезијата со Владата.
Поранешниот амбасадор во Брисел и претседателски кандидат, професорот Нано Ружин, вели дека во ситуација кога е спуштено нивото на комуникација, кога сме сведоци на еден исклучително приземен политички дијалог меѓу власта и опозицијата, Иванов е прилично тивок и со својата пасивност не ја иритира јавноста. „Од една страна, имаме груб, жесток речник меѓу власта и опозицијата, а на другата страна, е еден мирен молчелив претседател.
Нашиот народ не трпи острина, а Иванов остава слика на повлечен човек што не влегува во расправии“, вели Ружин. Според него, Иванов не успева да го привлече вниманието со начинот на кој ја извршува функцијата. „Од истражувањето не може да се извлече заклучок дека граѓаните ја поддржуваат политиката на Иванов, бидејќи тој послушно ја спроведува политиката на Груевски. Претседателот не се ни обидува да се наметне со сопствени ставови. Тој е незабележителен претседател и остава впечаток како да ужива во функцијата. Протоколарно се појавува онаму каде што треба и со реторика од типот ’ додека сум жив не го давам името’, ги задоволува страстите на тврдото национално ткиво“, вели Ружин.
Во анкетата на ИПИС ставовите на Иванов за спорот со името со Грција ги поддржуваат 53,4 отсто од анкетираните, 39,6 не согласуваат со шефот на државата, а 6,9 проценти не одговориле. Според истражувањето, граѓаните најдобро ја оцениле работата на претседателот на државата со 2,83 (на скала од 1 до 5), Владата е оценета со 2,81, а Собранието со 2,42.
Наспроти мислењето на Ружин, политикологот Владимир Божиновски од ИПИС смета дека Иванов успеал да се наметне во јавноста. „Резултатите од анкетата покажуваат дека Иванов станува препознатлива политичка личност. Тој е избран од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, но успева да се издигне од дневната политика и јавноста го доживува како претседател на сите граѓани“, смета Божиновски.
Инаку, сите досегашни анкети со кои се мери популарноста на политичарите, покажаа дека рејтингот на Иванов е малку над нулата, односно дека граѓаните не се идентификуваат со претседателот. Кога анкетарите ќе тропнат на врата или ќе заѕвонат на телефон за да прашаат во кој политичар граѓаните имаат најголема доверба, малкумина го посочуваат Иванов. |
#
|
Статијата е прочитана 2540 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Miki |
Датум: 21.12.2010 12:23:19 |
|
Владимир Божиновски нека не глуми многу, прочитан е . Со местени анкети ке менува јавно мислење , ма немој. |
|
|
|
|
|
|
Од: tivko mnozinstvo |
Датум: 21.12.2010 12:46:21 |
|
Gjorgi Ivanov e dobar pretsedatel i ne gledame nisto loso vo toa sto ima isto razmisluvanje za problemot so Grcija kako i premierot. Smaceno ni e e od arogancijata, samobendisanosta i omrazata koja odi do granici na kanibalizam. Ivanov e pristoen i dobar covek. |
|
|
|
|
|
|
Од: belomorec3 |
Датум: 21.12.2010 12:51:51 |
|
Nano seuste ne mozes da go prebolis porazot na pretsedatelskite izbori i od vreme na vreme kazuvas po nesto sto ne drzi voda.Ivanov vospostavi neverojatno golema aktivnost na megjunaroden plan i mngu uspesna,a za zal Vie ili nesakate ili nemozete da go vidite.Rejtingot na Ivanov moze da se meri samo so poranesnite pretsedateli a ne so Gruevski,Crvenkovski,Ahneti. |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 21.12.2010 14:37:01 |
|
имам дедо којкој е страшно добар човек ама не е ни за општински советник камо ли председател.Доста ни е од ДОБРИ луѓе нас ни требаат капацитети за менеџирање на овие состојби по битолски кажано ЕРБАПИ |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 21.12.2010 14:41:05 |
|
Ivanov, koj bese toj!!!
Ima li Makedonija pretsedatel, navistina ne znam! |
|
|
|
|
|
|
Од: zoran |
Датум: 21.12.2010 14:56:12 |
|
presedatelot zaedno so premierot vo paket da si odat taka poevtino ke bide. |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 21.12.2010 17:07:33 |
|
Ovoj,Bitola troa skolovan (skoluvan),i ne ce da e samo troa skoluvan.Ima nesto i povece od troa.So tolku
kratok tekst tolku da se kaze malku e neobicno,a za golem del komentatopri i nevozmozna mislija.
Osven na bukvata o vo ( skolovan) vo tekstot
nema sto da mu se zabelezi.Em ubavo srocen,em dosta kazuva (skoro se).Samo da go nadopolnam:
Ne samo kapaciteti za menadziranje (erbapi) tuku
i harizmaticni licnosti spremni za politicko
harikiri (politicko samoubivstvo).Vo nasite okolnosti
samo hirurg moze da pomogne,a ne maser so ruska vodicka!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Denker |
Датум: 21.12.2010 17:08:34 |
|
Pretsedatelot ne e ubiec na Carot, toj tocno znae koj go namesti na ovaa pozicija. Od druga strana si misli: "i da se popusti na Grcite za imeto Makedonija nema da vleze vo EU". Sepak politickite i pred se ekonomskite kriteriumi se daleku pod normite sto gi bara EU. A ako cel na Grcija (i drugite sosedi) e unistuvanje na nasata drzava, mozebi molcenjeto na presedatelot ne mu nosi samo icna tuku e i od drzavna korist! |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 21.12.2010 17:26:33 |
|
Dokolku narodot na ja smeni ovaa nenarodna vlast, ovoj Vladimir Bozinovski ke bide idniot Vicepremier za Evrointegracii kako nagrada za poltronstvoto kon vladata kako sto bese slucaj i so Vaski Numovski. Takvi podlizurkovci mu se potrebni na Firerot nas. |
|
|
|
|
|
|
Од: zlatna ripka |
Датум: 21.12.2010 18:21:30 |
|
Ivanov e zlatna ripka.Uporno si molci.Zboruva samo koga kje ja dobie ulogata na portparol na gruevski. Pretsedatel za merak.Site ni zaviduvaat |
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 21.12.2010 18:35:01 |
|
Добар наслов !!! „МОЛЧЕЊЕТО Е ЗЛАТО “ СЕ’ кажува за претседателот !! |
|
|
|
|
|
|
Од: Realist |
Датум: 22.12.2010 05:54:52 |
|
Shto sakate bre luge ako ne zbori zosto ne zbori ako zbori mnogu zboruva,e pa vaka malku zboruva ama na mesto mu e sto kazuva,i pocituvajte go kao Pretsedatel na Republika Makedonija,jas go pocituvam sekoj koj e izbran od narodot,pa neli ima izbori ako ne go sakate smenete go.Taka i so ostnatite politicari.Imam prijatel politicar na zapad,na eden sobir imase okolu 10 iljadi luge,lugeto protestiraa ne sakaat da se menuva nisto demek se neka ostane kako sto sozdala prirodata a gradot e 2-milioni ziteli nema kaj da se siri a nedelno pristignuvaat po 1200 novi ziteli od cela Drzava,ama prazni tikvi ne se ubeduvaat taka lesno.Jas pobarav zbor i gi prasav lugeto ;luge ne sakame zgradi visoki,ne sakame tuneli,ne sakame Avtopat niz planinata e aj ve molam kazete mi mene sto treba da se napravi me gledaat i dovikuvaat ama i se smirija strastite.Prijatelot mi se zablagodari javno pred site i veli ima luge sto razmisluvaat i poinaku. |
|
|
|
|
|
|
Од: ilija |
Датум: 22.12.2010 09:18:35 |
|
Po dosega kazanoto podobro i da molchi,,, |
|
|
|
|
|
|
|
|