Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Снегот ја запре Европа

Дури 1.000 лет�� се откажани од главните европски аеродроми

БЕРЛИН - Обилниот снег и ниските температури вчера беа причина за натамошен прекин на сообраќајот во северна Европа, поради што патниците останаа на цедило, сообраќајот беше парализиран, а училиштата беа затворени. Повеќе од 1.000 лета од главните аеродроми во Германија - Франкфурт, Минхен и Берлин беа откажани, а многу други одложени откако околу 40 сантиметри нов снег ја покрија земјата. Околу 500 патници спиеја на импровизирани кревети на аеродромот во Франкфурт.

Авиокомпаниите им препорачуваат на патниците, доколку е можно, да се пренасочат на железничкиот сообраќај поради новиот снег што го надополни оној од претходните две недели, но железничкиот оператор „Дојче бан“, обидувајќи се да се справи со преполни возови и налет од патници, побара од нив да останат во своите домови. Се чувствуваше нервоза, бидејќи Германците, навикнати на точни возови и авиони, беа принудени да чекаат на студени станици или преполни терминали, а невообичаено обичниот снег одложи милиони редовни железнички врски. Метеоролозите предупредија дека и во наредните денови ќе паѓа снег.



„Возовите секогаш премногу доцнат“, рече Лотар Аст (57), редовен патник, кој се смрзнуваше на една станица во Берлин. „Тие се толку преполни што не можете да се симнете, а потоа да чекате друг воз“. Детските санки во Германија се распродадени, јавуваат трговците. „Толку многу снег е забава само за децата“, вели адвокатката Катја-Јулија Фишер од Берлин. „Ме нервира“.

Најнаселената држава во Германија, Северна Рајна Вестфалија презеде невообичаен чекор и забрани движење на камиони на автопатиштата, во обид полесно да се одвива патничкиот сообраќај. Железнички работник загина во Берлин, прегазен од воз додека се обидувал да одмрзне скретница на пругата.

Белгија, исто така, ги затвори автопатиштата за камиони откако се создаде сообраќаен метеж од 600 км во утринскиот шпиц во регионот Валонија.

Во Велика Британија компанијата „Бритиш ервејс“ соопшти дека студеното време и натаму предизвикува прекин на работата, а хаос во сообраќајот е можен со оглед на прогнозите за нов снег. На лондонскиот аеродром „Хитроу“, најпрометен меѓународен аеродром во светот, работеше само една од двете писти, бидејќи снежното невреме го парализира аеродромот за време на викендот и остави илјадници патници на цедило.

Северна Франција, исто така, е покриена од обилен снег, патниот и железничкиот сообраќај е во прекин, а жителите на Париз се осмелија да се упатат на преполните патишта за да стигнат до своите дестинации за одмор. Воздушниот сообраќај на двата главни аеродрома во Париз беше редуциран, при што аеродромот „Орли“ кратко време беше затворен, а оставените патници се' уште кампуваат во чекалниците на „Шарл де Гол“.

Во Полска, која е силно погодена од студениот бран, шест лица се смрзнаа во неделата ноќта, така што билансот на жртвите во овој месец се зголеми на 114. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 1071 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (10)
Изнудени оставки на Митриновски и Лимани?
Ја изневерил Ванеса со 19-годишна манекенка
Кој ќе биде изеден
Политиката на секоја држава треба да биде балансирана
Тивкиот претседател и мудроста - молчењето е злато!
„Љубојна“ за Свети Никола во МЦМ
За нов живот
Дивоградбите ќе прават проблеми
Реконструкција на Владата или...
Горивата поскапуваат за 2,5 денари за литар
За глумците и совеста
Стил
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks