|
|
|
|
|
|
Дивоградбите ќе прават проблеми
Градоначалниците имаат многубројни забелешки на предложениот закон со кој треба да се легализираат бесправните градби. И тоа од висината на надоместокот што треба да се плати за една дивоградба да добие правен статус, преку фактот дека законот не ги третира повисоките објекти, станбените згради и деловните објекти, па се' до очекуваните проблеми што ќе се јават при обезбедувањето имотни листови.
Генерално, градоначалниците бараат наместо предвидениот надоместок, за легализирање на дивоградбите да се плаќа надоместокот за комуналии што го утврдил Советот на општината.
„Нема потреба од вклучување на социјалниот елемент, особено за луѓе што го кршеле законот. Треба да се исфрли овој надоместок, а сопствениците на вакви објекти да имаат обврска да плаќаат надомест за уредување на градежно земјиште. Во тој случај, нема да е важно колкав е годишниот приход“, рече градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи, на вчерашната јавна презентација на Предлог-законот. Тој смета дека е потребно да се зголемат и роковите од три на шест месеци за да им се овозможи на граѓаните кои привремено престојуваат во странство да ги легализираат своите објекти.
Решението да се плаќа надомест само за индивидуалните куќи, а не и за градбите од државен интерес, за градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, може да доведе до проблеми од уставно-правен карактер, додека претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, како клучен проблем го посочи решавањето на имотните проблеми кај оние граѓани што имаат објекти градени само врз основа на адвокатски договори, поради што не ќе можат да извадат имотен лист. (Б.А.) |
#
|
Статијата е прочитана 1258 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: xxL from Prilep |
Датум: 21.12.2010 12:09:35 |
|
poveke od pola divite gradbi se nad 10.2m,so ke se pravi so niv? ke se rusat? tikvi ke se rusat,ke se rusi Janakieski so se Gvujo! |
|
|
|
|
|
|
Од: Слободан |
Датум: 21.12.2010 15:31:44 |
|
Какви дивоградби господине градоначалник Коце Трајанов. Одете во кафаната “Јана“ кај Центарот за странскји јазици и да видиш каква дивоградба се прави на тротоарот со негова узурпација. Ако имаш доблест и храброст оди, нареди им на твојата господа инспектори да направат нешто ако сакаш да ти верува народот. Во спортивно си лигуш, демагог, фарбар и никаков човек. А ако направиш несто, ја запреш тиранијата и тормозењето, тогаш си навистина голем човек. |
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 21.12.2010 18:48:04 |
|
Чесниот секогаш во оваа Македонија си плаќа ЦЕЛОСНО !! А нечесниот , ни пола од тоа што треба !!! И ова ти било држава и закони за почитување !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: remi |
Датум: 21.12.2010 20:24:28 |
|
Pa ova e nevideno,,, ako ovie shto gradat ne plaçaat danoci od kade pari za da se izgradi komunalnata infrastruktura? !!!! aha mi tekna namesto na drzhavata divogradcite çe gi çastat oni shto pridonele da im gi "olesnat" davaçkite. Koja pravna drzhava,,abe kako mozhe bez davaçki da zhivee edna drzhava,,,do kloga samo krediti,,pa koj çe gi plaça tie krediti,,, |
|
|
|
|
|
|
Од: TEA PP |
Датум: 22.12.2010 00:57:31 |
|
Ma kakov zakon za legalizacija???? Detalniot urbanisticki plan e ZAKON !!!!! A grdonacalnicite neka se zalozat gradeznoto zemjiste sto poskoro da se vrati na opstinaite , a tie so sredstvata sto sekoj investitor gi plaka po proekt za izrabotka na detalni urbanisticki planovi neka gi koristat strogo namenski , neka Sovetite na opstinite vo Godisnite programi za komunalno ureduvanje , po odnapred izgotveni troskovnici , vo zavisnost od zonata vo gradot i stepenot na uredenost na gradeznoto zemjiste gi vklopat , se razbira ako se zadrzani so detalnite planovi , OVOJ ZAKON E EDNA GOLEMA FARSA - predlagacot najdobro toa go znae...... |
|
|
|
|
|
|
|
|