Стигнаа финансиски извештаи од 13 партии
Тринаесет организатори на изборната кампања поднеле финансиски извештаи до Комисијата за спречување на корупцијата во вториот предвиден рок за тоа, по завршувањето на кампањата за предвремените парламентарни избори.
Извештаи до Антикорупциска не доставиле пет политички партии - Обединети за Македонија, ВМРО-Народна, ПДП, НДУ и СДПМ.
Согласно со Изборниот законик, за политичките партии што не доставиле финансиски извештаи ќе биде поднесена прекршочна пријава, која согласно со законот, предвидува глоба од 4.000 до 5.000 евра.
Сите партии имаат обврска да достават финансиски извештаи во три државни институции - Антикорупциска комисија, Завод за ревизија и во ДИК. (МИА) |