Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Без задоволни лекари, нема задоволни пациенти

„Без задоволни лекари, нема задоволни пациенти“, е пораката на најхуманиот лекар во државата д-р Данче Балаловски, инфектолог од Општата болница во Битола што им ја упати на здравствените власти, но и на еснфаските организации на лекарите. Д-р Балаловски се надева дека Лекарската комора, Македонското лекарско друштво и Синдикатот за здравство ќе изнајдат најповолно решение за подобрување на статусот на лекарите во државата. Тој избегна да даде оцена за реформите во здравството, па само кратко одговори дека „реформите во здравството се комплексен проблем“, на вчерашното доделување на наградата „Лекар на годината за 2010 година“, што ја доделува Лекарската комора по 19 пат.

За него, наградата „Св. Наум Охридски“ има посебна тежина, посебно што доаѓа од еснафот. „Наградата е сатисфакција за 30-годишното искуство како лекар, за мојата контунирана медицинска едукација како лекар и посветеност на здравјето на пациентите, но и за едукација на младите кадри и пренесување на моето знаење“, изјави д-р Балаловски. Признанието лекар на годината, меѓу другото, како што вели д-р Балаловски, го добил и за добро справување со две епидемии, епидемијата на заушки во 2009 година и ланската епидемијата на свински грип. „За три месеци во Инфективното одделение беа прегледани преку 7.000 болни, од кои 600 беа лекувани на одделението, а само мал дел беа пратени во Скопје“, појасни д-р Балаловски.

За да може и натаму добро да се борат со болестите, д-р Балаловски се надева дека Лекарската комора заедно со Македонското лекарско друштво ќе ја продолжи континуираната медицинска едукација како главен предуслов за стекнување со најсовремени знаења базирани врз медицина на докази, а во интерес на пациентите.

Иако лекарите работат во променети општествени услови во здравството, кој стана многу суптилен сектор, д-р Балаловски вели дека покрај знаењето, хуманоста и етиката се' уште се одлика на голем број лекари. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1055 пати.

Испрати коментар

Од: vistina
Датум: 09.06.2011 12:00:05
Tocno e ova deka lekarite treba dobro da bidat plateni no kade bi ne odnelo aku sekoj koj e zaposlen ne e zadovolen od platata i so mito bara da si go dopolni gebot.Ova vo zdrastvoto kaj nas e haos evo da vi kazam eden slucaj vistina ziva.Imav problem so zolcka i eden prijatel me preporaca kaj eden privaten hirurg koj ima edna obicna ambulanta.Doktorot me primi i razgovaravme i rece deka treba da se operirach i mi obeca deka toj ce me operira.Mi ja kaza cenata deka e 700 evra jas vikam dobro da razgovaram doma i ce vi se javam i za taa cena prifativ.Izvrchiv pregledi vo poranechna vojna denechna gradska me primija i me zemaja da me operiraat hirurgot koj mi obeca deka ce me operira vo opchto ne dojde na operacija..Od kako zavrchiv so operacija posle eden den dojde i koga izleguvav uchte na znaev kade sum odma dojde da naplati.A vo bolnicata plativ okolu trista evra a cetrsto si gi zema toj vo geb i plus okolu 150 evra mi naplati za kontrola i vadene konci pa ova e sramota dali se naog

Најди! во Утрински
Македонија
Одбројувањето почна, кој ќе ги лапне „Чебрен“ и „Галиште“
Единаесет приговори за изборите
Стигнаа финансиски извештаи од 13 партии
Расте бројот на наши азиланти во Швајцарија

"""