Единаесет приговори за изборите
До Државната изборна комисија до прексиноќа на полноќ се поднесени единаесет приговори за неправилности на предвремените парламентарни избори во неделата. Девет приговори поднеле Обединети за Македонија, а по еден Нова демократија и ПОДЕМ.
Денеска истекува и рокот за приговори за првичните официјални резултати од гласањето што ги објави на прес-конференција претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Највисокото изборно тело во земјата, според законот, може по службена должност да реагира доколку смета дека има неправилности во гласањето, но досега нема такви најави. ДИК е надлежна во прв степен да одлучува за приговорите од гласањето и од резултатите, додека надлежен за второстепената постапка е Управниот суд, кој, исто така, треба да одлучи во рок од 48 часа. (МИА) |