Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Армстронг го предизвикува Контадор

Алберто Контадор уште еднаш се смета за фаворит за Тур де Франс и повторно на патот му стои Ленс Армстронг. Иако лани второпласираниот Енди Шлек од Луксембург се чини дека ќе биде неговиот главен предизвикувач, Армстронг ќе го води многу силниот тим на Радиошек, кој, и ако не му помогне на својот главен возач да триумфира во трката, би можел да создаде метеж во тринеделната велосипедска трка што почнува денеска со прологот во Ротердам и да го спречи Контадор да оствари трета победа.

Шпанецот Контадор е најдобар искачувач и еден од врвните возачи на хронометар и Армстронг, кој беше трет севкупно минатата година кога се реактивира, го знае тоа премногу добро. Неговиот долгогодишен пријател Јохан Бринел, менаџер на Радиошек што го одведе Американецот до седум победи на Тур де Франс, исто така стоеше зад двата триумфа на Контадор во 2007 и во 2009 година. Спортскиот директор Алан Галопен, сега во Радиошек, се грижеше за Контадор минатата сезона и знае се' за него, исто како и повеќето од неговите поранешни тимски колеги во Астана, кои заминаа со Армстронг на крајот од ланската сезона. Нивното знаење би можело да биде убиствено оружје во трката во која секое движење, секоја реакција се анализира од противниците.

„Тоа е предност“, вели Армстронг, кому ова ќе му биде последен настап на најпрестижната велосипедска трка во светот, во која славеше од 1999 до 2005 без прекин. „Но, тој е комплетен возач со малку слабости. Тој се искачува подобро од сите други, а на хронометрите е меѓу најдобрите“.

Девет члена на тимот на Радиошек на годинашниот Тур во минатата сезона му беа колеги на Контадор во Астана, екипа во која и тој и Армстронг беа вовлечени во психолошка битка што ескалира во текот на трката.

„Не мислам дека моите тимски колеги ме напуштија“, коментира Контадор, кој не беше сигурен дека ќе остане во Астана долго пред почетокот на новата сезона. „Тогаш немав ништо конкретно да им п��нудам“.

Контадор остана во Астана, тим што се чини слаб, но кој би можел да се покаже посолиден со Контадор и со Александар Винокуров како негов помошник. Казахстанецот се враќа на Тур де Франс по отслужената двегодишна суспензија за крвниот допинг во 2007, кој самиот го негира.

Се врати и Италијанецот Иван Басо, кој исто така во 2007 беше казнет две години за вмешаност во допинг-скандалот „Операција Пуерто“. Тој ќе го предводи тимот на Ликвигас, кој победи на Џиро ди Италија на крајот од мај, но ниту еден велосипедист досега не ги врзал Тур де Франс и Џиро во иста година по Марко Пантани во 1998.

Претенденти за висок пласман се и светскиот првак во улични трки Кејдел Еванс од Австралија, потоа специјалистот за калдрма и за пролог Фабијан Канчелара од Швајцарија, Русинот Денис Менчов, кој единствен покрај Контадор ги има освоено Џиро и Вуелта, како и Бредли Вигинс, кој ќе се обиде да стане првиот Британец што триумфирал на Тур де Франс.

Годинашната трка првпат ќе почне со пролог по повлекувањето на Лондон во 2007 година. Предвидени се 20 етапи, со вкупна должина од 3.642 километра.


#
Статијата е прочитана 196 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Аргентина ги пробива „панцирите“
Французите пред парламент, Корејците во рудници, Нигерија во изолација
Јапонија и Јужна Кореја во потрага по селектори
Лариса Рикелме ќе се соблече гола ако победи Парагвај
Убедлив пораз на Металург во Баку
Нигерија доби 48-часовен ултиматум од ФИФА
Андорските Португалци со петарда испратени дома
Лев
Џексон останува на клупата на Лејкерси
Марадона го протера Меси од тренинг
Слава што не потемнува