Лев: Не сум селектор, договорот ми истече
Германскиот селектор, Јоаким Лев, им приреди непријатно изненадување на своите фудбалери кога не се појави на тренингот во четвртокот. Неговиот договор со германската фудбалска федерација истече на 30 јуни и бидејќи немаше потпишан нов ниту ми беше понуден, тој остана во хотел и не се упати во репрезентативниот камп.
„Не сум селектор и немав должност да се појавам на тренинг. Се надевам дека во текот на денот ќе се договорам со луѓето од Федерацијата и ќе потпишам нов договор“, рече Лев.
|