„Аргета туна“- паштета со исклучителен вкус
Паштетата „аргета туна“ на словенечката компанија „Дрога Колинска“ доби награда за производ со исклучителен вкус. Оваа престижна титула традиционално ја доделува Меѓународниот институт за вкус и квалитет од Брисел. Членовите на жирито, кое го сочинуваат европски мајстори на кулинарството, паштетата ја оценија како производ со пријатна арома на туна, дополнета со хармоничен и урамнотежен вкус и одличен избор на зачини.
Годинава и „аргета јуниор“ се пласираше меѓу 29 финалисти на меѓународниот натпревар ЕУРО ЕФФИЕ 2010, кој поставува и оценува стандарди во ефикасноста на производната комуникација. |