Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Ситните парцели ги изедоа субвенциите

Иако се потрошија многу буџетски пари, не добивме ефикасно и конкурентно земјоделство

Александрија Стевковска

Револуционерната реформа на земјоделството, адут на ВМРО-ДПМНЕ со кој таа типуваше на освојување на власта, падна во вода. Првичниот концепт за развојот на овој сектор започна добро, но остана на половина пат, бидејќи не се приспособи и доработи за да може да функционира на терен. Земјоделството, како главен приоритет и гордост на владејачката гарнитура, поддржано со обемни буџетски средства, не ги исполни основните цели, односно ефикасно и конкурентно земјоделство, но и не го подобри животниот стандард на македонскиот земјоделец.

Субвенциите се претворија во социјална мерка наместо развојна. Нема поволни земјоделски кредити, а нема ни минимални загарантирани цени на земјоделските производи.

„Земјоделството требаше да биде носечкиот столб на оваа Влада и неговото реформирање почна добро. Се направија промени во администрацијата, се воведоа субвенции, но по првата година, приказната доби друг колосек. Субвенции почнаа да се даваат на секого, без почитување на минималните и максималните граници за нивно делење, претворајќи се од поттикнувачка во социјална мерка. Освен субвенциите, потфрлија и другите два столба на кои требаше да се потпира секторот за производство на храна, односно не се направи оформување на минималните гарантни цени, ниту, пак, стандардизација на цените, а не се создаде ниту добар систем за кредитирање на секторот“, вели поранешниот заменик-министер за земјоделство, Перо Димшоски.

Според него, една од слабостите во креирањето на земјоделството блиско до европските барања е и лошата земјишна политика. „Додека во Европа се бара окрупнување на земјишните парцели, кај нас посевите се' повеќе се уситнуваат, што е директен пат за уназадување на земјоделството. И што е најлошо од се', Владата сама не го почитува законот кој ја нуди можноста за размена на парцели, за да формираат поголеми целини. Ова практично го блокира окрупнувањето кое беше законски оправдано, но значеше и фаќање на возот за Европа во овој сектор“, додава Димшоски.

Земјоделците, оние помалите, се свесни дека политиката на поделба на субвенции, како и уситнувањето на поседите долгорочно нема да даде резултати, но ним им е важно моментно да добијат пари или земја. Поголемите производители ги почитуваат сегашните правила на игра, но се свесни дека тоа води кон целосно уназадување на земјоделството.

„Субвенциите се даваат за да се допре до повеќе луѓе, кои се потенцијална гласачка машина и тие воопшто немаат развојна компонента, бидејќи субвенција од 5.000 денари не значи ништо за земјоделецот, а Владата бесполезно ги троши парите. Земјоделците самите се свесни дека не може да се заработи со површина под еден хектар или две-три крави, но во овој момент им е доволно да земат, на пример, 6 илјади денари субвенција за производство на пченица, иако многу ќе потрошат и само за вадење документи за аплицирање за тие пари“, вели Данаил Паланков, производител на градинарски култури од Струмица.

Тој смета дека кај нас е лоша и земјишната политика, бидејќи додека светот се глобализира, ние се регионализираме. „И во овој случај, со давањето мали површини под закуп на државна земја, се сака да се задоволат барањата на земјоделците, но тоа подразбира десеткување на површините и мало производство, кое не може да ја задоволи побарувачката. Светот се глобализира, нарачките се се' поголеми и поголеми, а ние сме се' помали, па не можеме да одговориме на побарувачката поради отсуството на константно, стандардизирано и масовно производство. Сето тоа резултира со губење на повеќето досегашни пазари“, вели Паланков.

Луѓето од земјоделските здруженија сметаат дека програмата за земјоделството е променлива категорија и таа треба да се приспособува според потребите. „Мора субвенционирањето да премине од социјален во развоен карактер. Да се определи кои се петте стратегиски производи од земјоделството по кои ќе бидеме препознатливи и конкурентни и тие да се форсираат“, велат тие.

И експертите од Земјоделскиот факултет се едногласни дека реформирањето на земјоделството мора да продолжи, а некои мерки да се изменат. „Добро е што нешто почна да се движи во земјоделството преку поделба на субвенции и поделба на земјата, но мора да се преуредат овие мерки. Тоа значи дека мора да се воведат правила за субвенционирање стратегиски култури, како што се шеќерната репка, сончогледот или одгледувањето на добиток, а не да се стимулира нешто што се забранува, како што е тутунопроизводството. Освен тоа, пари за поддршка треба да се даваат и за градинарските култури, за кои имаме извонредни услови за одгледување, со клима и температури кои гарантираат добар и квалитетен род“, вели Југослав Зиберовски, професор на Земјоделскиот факултет во Скопје.

Според него, поделбата на субвенции мора да биде во насока која ќе ги стимулира производителите да ги окрупнуваат поседите, бидејќи тоа ќе значи заштеда на трошоците, зголемување на приходите и за земјоделците, но и за државата.

Перица Ивановски, заменик-министер за земјоделство, вчера немаше време да одговори на прашањата за овие отворени проблеми во земјоделството, кои, на крајот на краиштата, најмногу ги оштетуваат токму вистинските земјоделци. На поставените прашања вчера за политиката на субвенционирање и земјишната политика, од Министерството за земјоделство ни ветија одговор во вторник.














#
Статијата е прочитана 948 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 10.07.2010 00:26:52
Преку ваквите субвенции, владата легално го прави тоа што е илегално - ги поткупува земјоделците (гласачите). Лично, сите кои ги знам што земале земјоделска субвенција, во главно парите ги потрошија за плаќање сметки за струја или рати за кредит. ( http://otpor.log.ph )
Од: ??
Датум: 10.07.2010 10:07:56
Еве, на мене не ми се безначајни тие 5000 мкд. Предлагам секој оној кому тие пари не му значат да ми ги подари мене. Е мејлот е познат на редакцијата. Ќе се договориме.
Од: Rezervov
Датум: 10.07.2010 10:50:38
Прилично едностран текст. Грешки во земјоделието Владата направи еден куп, но, најмалата од нив се субвенциите. Прво и основно, земјоделието кај нас, а и во ЕУ, е социјален фактор, па затоа и таму и тука се субвенционира. Воопшто не се слагам со тоа дека парцелите се раситнуваат. Проблем е токму делењето на огромни поседи од по 50 хектари, што ретко кој земјоделец може сам да ги обработува, особено без поволни кредити. Затоа најголем дел од поделеното државно земјиште лежи необработено. Или пак со невалидни договори таквите парцели се делат на заинтересирани зермјоделци, кои, поради немање „врски“, не можеле да дојдат по регуларен пат до земја. Таквите, за жал, иако се меѓу ретките што навистина ја обработуваат земјата, не може, поради административни пречки, да добијат субвенции. Прва грижа на Владата треба да биде ревизија на поделбата на земјата и тие што вистински ја обработуваат, тие и да ја поседуваат и правно.Пласманот е неопходност, како и редовна и навремена исплата на откупот
Од: zemjodelec
Датум: 10.07.2010 18:00:05
Што сакате на Свето Јаневски во лозар да му дадат субвенции.Па сите плантажи му се катастрофа. субвенциите се добра работа на оваа влада зошто пред тоа не даваа субвенции А и до сега сите раноградинарски производи добро се продаваат не зборувајте на памет.
Од: zemjodelec
Датум: 11.07.2010 16:54:45
Odlicen tekst. Davanjeto na drzavna zemja pod koncesija mora da prestane, toa e kriminal sto se pravi sega, im davaat zemja na lugje sto nikogas ne bile zemjodelci. Tie sto imame zemja i sakame uste da investirame vo zemjodelstvo ne mozeme da konsolidirame posedi.

Најди! во Утрински
Економија
Владата ја обвинува кризата за уцената на фирмите
Четвртата ИПА -компонента отворена, другите тапкаат во место
„Аргета туна“- паштета со исклучителен вкус
Кризата го забави растот за 10 години
Штрајкот погоди 25.000 патници
Грчкиот бензин најскап во ЕУ