Кризата го забави растот за 10 години
Економската криза во земјите на Централна, Источна и на Југоисточна Европа го забави растот за 10 години, се наведува во извештајот на Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања.
Истражувањето се однесува на долгорочните перспективи за економскиот раст на 20 држави. Во извештајот на Институтот се истакнува дека пред кризата земјите од тие региони до 2030 година би можеле да достигнат до 90 проценти од просечниот бруто домашен производ по жител на Европската унија. Но, поради кризата некои држави по 20 години ќе достигнат до 70 отсто од БДП на ЕУ. Виенскиот институт наведува дека поради кризата се најпогодени државите што имаа голем економски раст, како што се Литванија, Летонија, Естонија и Казахстан. Додека земјите како Македонија и Унгарија, каде што растот пред кризата беше мал, помалку настрадаа од глобалната економска криза. Според Инсти��утот, на краткорочен план 20 држави ќе имаат мал економски раст годинава од еден процент, во 2011 година 2,5 отсто, а во 2012 година растот ќе биде околу 3,5 отсто. (МИА)
|