Истакнатиот српски режисер Желимир Жилник гостува во Скопје
Во Кинотеката на Македонија вечерва ќе се прикаже документарецот на Жилник, „Кенеди се враќа дома“
Денеска Кинотеката на Македонија ќе биде домаќин на истакнатиот српски и европски режисер Желимир Жилник. Со почеток во 20 часот, во присуство на авторот, ќе биде прикажан неговиот долгометражен документарен филм „Кенеди се враќа дома“ од 2003 година, а по него и кусиот документарен филм „Кенеди, изгубено и најдено“. Посетителите ќе имаат прилика по филмските проекции да се запознаат со Жилник и да споделат дел од неговото огромно филмско искуство, а потоа ќе можат и да го продолжат дружењето во неконвенционална форма.
Желимир Жилник е еден од предводниците на југословенскиот Црн бран во филмот (заедно со Душан Макавејев, Жика Павловиќ...), а за својот филм „Рани трудови“ (1969) ја има добиено престижната награда „Златна мечка“. Жилник се' уште продолжува да го предизвикува вниманието на светската филмска и културна јавност со своите ангажирани филмови во кои ни малку не ги штеди политичките и општествените односи на Балканот и во Европа. Тој жилаво се бори за својот авторски кредибилитет и по речиси 40 години работа на филмот, може да се каже дека неговата критичка визура е уште поостра. (К.Р.)
Kakvo dusevno zadovosltvo da se bide vo blizina na eden od najgolemite duhovnici na Balkanot! Imav moznost da gi gledam negovite filmovi dodeka studirav vo Belgrad, no bev i ucesnik vo studentskite demonstracii vo 1968 godina, koga Belgradskiot univerzitet go narekovme "Crveniot univerzitet Karl Marks". A eve kapitalizam bankrotiraa, dodeka vo London sekoj den se prodavaat desetici knigi - "Kapital" na K. Marks. Pred edna nedela vo bibliotekata "Braca Miladinovci", prof. Lj. Cuculovski i Denko Skalolvski ja promivira makedonskoto izdanie "Manifest na komunistickata partija." Toa e Programa na Sojuz na komunistite, prvoto izdanie vo 1848 godina. Sekako ne na SKJ ili SKM, medju koii imase malku komunisti. Za citatelite eden od dvajcata vistinski komunisti e Pero Ivanovski-Tikavar, se uste e ziv koj bil prv sorabotnik na Metodie Satorov-Sarlo. Zilnik e sin na ceski lekar koj zastanal na strana na Srbite vo Pravata svetska vojna, i tak ostanal da zivee na Balkanot.