Концерт на Скопскиот дувачки квинтет
Во рамките на музичкиот фестивал „Златна лира“, вечерва во Музејот на град Скопје во 20 часот концерт ќе одржи Скопскиот дувачки квинтет, кој ќе изведе дела од Хајдн, Фаркаш, Барботе и Лековски. Оваа година Скопскиот дувачки квинтет, во кој членуваат експонирани уметници од нашата дувачка фела, слави 30 години уметничка дејност. На својот репертоар ансамблот негува дела од големите светски автори, но и композиции од македонското музичко творештво. Покрај големиот број настапи на познати манифестации и фестивали, не само во Македонија, туку и во странство, Скопскиот дувачки квинтет реализира и завиден број на трајни тонски и ТВ записи, како показател за професионалната желба да се негува камерното музицирање во нашето музичко опкружување.
По пауза од неколку години, по иницијатива на обоистот Васил Атанасов, од 2002 година Скопскиот дувачки квинтет ја продолжува уметничката работа под негово водство, онаму каде што застана музицирајќи со истиот ентузијазам. (К.Р.) |