Лазаров го одведе Атлетико во финалето на „Супер Глоуб“
Македонскиот репрезентативец со седум гола беше еден од најзаслужните за победата во полуфиналето против Ал Сад со 33:32
Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров ќе биде дел од големото финале на „Супер глоуб“ турнирот откако попладнево со 33-32 го победи Ал Сад, тим во чии редови настапија осум ракометари на францускиот првак Монпелје. Македонскиот репрезентативец со седум гола беше еден од најзаслужните за големата победа на својот тим.
Противник на Лазаров во големото финале од ова натпреварување ќе биде подобриот од вториот полуфинален дуел, во кој што ќе се сретнат Кил и Замалек.