Претставничкиот дом ќе ја спасува американската економија
Во Нацрт-законот беа додадени околу 100 милијарди долари за нови даночни олеснувања
Американскиот Претставнички дом вчера требаше да гласа за планот за спас на американскиот финансиски сектор во вредност од 700 милијарди долари. Партиските лидери се надеваа дека Домот, кој ги зашемети глобалните пазари со отфрлањето на првичниот план, ќе го следи Сенатот и ќе ја поддржи новата верзија. Претставничкиот дом вчера изутрина требаше да дебатира, а подоцна во текот на денот да се спроведе гласањето. Во Нацрт-законот во Сенатот беа додадени околу 100 милијарди долари за нови даночни олеснувања, во надеж дека тоа ќе обезбеди поголема поддршка од републиканците до Претставничкиот дом.
Инаку, цената на акциите во Јапонија вчера достигна најниска вредност во последните три години, по ужасниот ден со големи загуби на Њујоршката берза. Индексот „Никеи“ падна за повеќе од 1,9 отсто на затворањето на Берзата, што е најниско ниво уште од мај 2005 година. Тоа уследи по остриот пад на вредноста на американските акции, што се случи во четвртокот, кога инвеститорите покажаа воздржаност околу исходот од гласањето во Конгресот. На Волстрит индексот „Дау Џонс“ во четвртокот беше затворен со намалување од 3,2 отсто. Спикерот на Претставничкиот дом во Вашингтон, Ненси Пелоси, од редовите на демократите, изјави дека нема да биде закажана дебата се' додека партијата смета дека има доволно гласови да го изгласа планот.
Кога во понеделникот Претставничкиот дом го отфрли планот со 228 наспроти 205 гласа, имаше загриженост во врска со содржината на планот и брзината која била побарана за да се изгласа. Претседателот Џорџ Буш тогаш упати апел до Домот да го поддржи ревидираниот Нацрт-закон. Пакетот има цел да се откупат ненаплатливите долгови на неуспешните институции на Волстрит, но беше изменет за да вклучи дополнителни даночни олеснувања за обичните Американци и поголема заштита на штедните сметки. И Демократската и Републиканската партија планираат да извршат притисок врз своите претставници за ревидираниот Нацрт-закон да ја обезбеди потребната поддршка. (Би-Би-Си)
Ne postoi magicen stap so koj ke se spasi nesto sto ne se spasva bas so Dekret. Denot koga bese prvoto glasanje vo Parlamentot na SAD, DOW JONES indeksot (berzata) zabeleza Rekorden pad od 777 indeksni poeni i "zbrisa" 1.3 Trilioni dolari.
Deneska, duri posle ociglednoto izglasuvanje na predlozenite amandmani na predlog zakonot za sanacija na investicionite Banki, vednas posle izglasuvanjeto, berzata zabelezi rekordno nisko nivo 10335. Investitorite se nervozni, Wall Street go faka panika. Postojat i glasini, deka ke se promenat mnogu pravila na Igrata, ke se promeni i nacinot na trguvanjeto. Ostanuva samo prasanjeto: Ako vie imate rekordna nezaposlenost 9 meseci po red, i izvestaite za mnogu sektori vo industrijata, kako i nedviznostite belezat padovi, togas e nesomneno deka Niedna INEKCIJA nema da go spasi, ili sopre toj pad, se dodeka padot ne sopre..