Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Во Подгорица отворен првиот трговски центар „Делта сити“

Српската компанија „Делта холдинг“ го отвори првиот трговски центар „Делта Сити“ во Подгорица, еден од најголемите трговски центри не само во Црна Гора, туку и во регионот пошироко. Молот е на две нивоа со вкупна површина од 48.000 квадратни метри, а малопродажниот простор и забавните содржини заземаат 24.000 квадрати. Вредноста на инвестицијата на „Делта“ изнесува 60 милиони евра, додека инвестициите на партнерите на холдингот во закупениот деловен простор се дополнителни 12 милиони евра. „Делта сити“ претставува комбинација од разновидни малопродажни објекти и забавни содржини. Во него ќе бидат отворени повеќе од 1.200 нови работни места, а за посетителите се обезбедени 1.000 паркинг-места. „На сите политички лидери им порачувам да создадат единствен економски простор во регионот, бидејќи е тоа единствен начин народите да живеат подобро“, рече претседателот на „Делта холдинг“, Мирослав Мишковиќ, на свеченото отворање на објектот.

Во присуство на премиерите на Црна Гора, Србија и на Република Српска, тој подвлече дека во регионот се' уште има земји кои не се отворени за странски инвестиции. (Б.А.)


Статијата е прочитана 229 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Светската финансиска криза ги тресе берзите во регионот
Претставничкиот дом ќе ја спасува американската економија
Почна да сообраќа маршрутниот воз Бар - Скопје
Македонија го намали јавниот долг за 133,3 милиони евра
ММФ предупреди на големо слабеење на американската економија
Европската комисија одлучи „Дојче телеком“ да ја преземе ОТЕ